Самитот во Рио не беше обичен настан, туку огледало на новиот светски поредок. Според реакциите на западниот свет, самитот покажа дека дури и без големи одлуки, без директна конфронтација со САД, БРИКС веќе влијае врз…
Светиот синод на Православната црква во Америка (ПЦА) На вонредна седница одржана на 21 мај 2025 година, донесе историска одлука: да го признае канонството на Македонската православна црква – Охридска архиепископија (МПЦ-ОА). Одлуката стапи на сила веднаш и подразбира целосно евхаристиско и канонско општење со сите архијереи, свештеници и верници на МПЦ-ОА.
Оваа значајна одлука и’ беше соопштена на целата Православна црква во Америка од страна на Неговата Блаженост, Митрополитот Тихон, во неговиот извештај на 15 јули 2025 година до 21-от Се-Американски собор, кој се одржува оваа недела во Феникс, Аризона.
Одлуката доаѓа како резултат на официјално барање испратено од Неговата Светост, Патријархот Порфирије од Српската православна црква, кој преку писмена кореспонденција го повика Митрополитот Тихон да постапи во согласност со Томосот за автокефалност, кој Српската православна црква ѝ го додели на МПЦ-ОА, и да ја признае нејзината автокефалност.
Како што информираат од кабинетите на Митрополитот Тихон и Архиепископот Стефан од Охрид, се планира и заедничка прослава помеѓу двата поглавари, која ќе се одржи во катедралата „Свети Никола“ во Вашингтон, седиштето на Митрополитот Тихон.
Прославата, најави Митрополитот Тихон пред делегатите на Американската црковна конференција, ќе заврши со формално признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА, што ќе значи и официјално поставување на Македонската црква рамо до рамо со Православната црква во Америка како целосно автокефална и локална православна црква.
Ова признание е од огромно значење за македонската православна заедница во дијаспората, но и за црковната дипломатија на глобално ниво, со оглед дека ПЦА важи за една од водечките православни структури во Северна Америка.
Сè додека енергетските алтернативи не ги достигнат размерите и сигурноста што ги нуди руската енергија, европските земји ќе бидат принудени да балансираат меѓу политичките амбиции и економската реалност. Емилија Гелева Европската комисијата неодамна предложи ЕУ…
МИСТИЧНИТЕ ИМИЊА НА БУКВАТА М(МА) И НЕЈЗИНИТЕ СКРИЕНИ ЗНАЧЕЊА
