Во период кога светот е соочен со целосна промена и со премин на мултиполарност, кога се става крај на еднополарноста и американскиот неолиберален глобалфашистички систем на владеење врз светот, предизвиците за човештвото и за сите држави се огромни. Затоа се неопходни вистински геополитички согледувања и проценки со цел да се има точен увид за настаните и ситуација во светот.
Идејата на Македонскиот Геополитички Институт – МАГЕИ е со своите содржини да го пополни празниот простор во македонската јавност, презентирајќи јасна слика за геополитичките збиднувања. Тоа очигледно недостига во актуелниот медиумски и информационен наплив на вистинити и полу вистинити написи, фалсификувани и лажни вести, како дел од информациската војна и пропаганда која интензивно се спроведува, посебно од страна на неолибералната глобал фашистичка политичка структура и медиумско пропагандна мрежа.
Целта на Македонскиот Геополитички Институт е преку публикување на разновидни анализи за настаните на геополитичка сцена да му овозможи на заинтересираниот читател да продре во суштината на тектонските геополитички поместувања што се одвиваат на планетарно ниво и што ги засегаат сите држави и народи.
При тоа, секогаш треба да се има на ум дека геополитиката е стара колку што е стара и човечката цивилизација и затоа за основа го зема постоењето на два крајно спротивставени субјекта на светската политичка историја денес познати како Евроатланта и Евроазија, или два различни принципи Море и Kопно. Евроатлантизмот е заснован на материјалистичкиот економски пазарен пристап, и стратегиски на доминацијата над морињата, на колонијалните освојувања и владеење врз другите народи. Тоа е тотално различно од Евроазија, цивилизација за која вредностите што се во центарот на постоењето се животното достоинството, воената моќ, традицијата, конзерватизмот, националните интереси, семејството, духовноста.
Значи, основната геополитичка спротивставеност е либералната “модерност” против традицијата впишана во просторот. Тоа се јасно различни духовни матрици на постоење, денес изразени како планетарна борба меѓу САД – Атланта и Русија- Евроазија, меѓу Темниот и Светлиот вредносен систем!