Големиот Александар Македонски, прочуен војсководец и цар на најголемата Македонска империја во светот, јавно помалку е познат по своето претскажување во претсмртниот час, кое укажува дека тој поседувал многу поголеми духовни моќи одошто се знае. Во суштина, токму на таа негова духовна сила се должат неговите огромни и успешни земски подвизи.
ЕМИЛИЈА ГЕЛЕВА
Пророчките искази на Александар Македонски во претсмртниот час се запишани во книшката со наслов „Прескажање на Голем Александр”, првично отпечатена во Венеција во 1845г. како превод на македонски од грчки јазик на јеромонахот Атанас Македонец. Преводот е извршен на чист македонски народен јазик, но писмено изразен со грчкиот алфавит, што укажува дека јеромонахот Атанас Македонец образованието го стекнал во грчко училиште, но тоа не му попречило да го негува и цени мајчиниот македонски јазик. Јеромонахот Атанас Македонец во самиот вовед кон овој текст ја наведува својата намера дека сака текстот на претскажувањата да биде разбран и во неговата земја, како што ја подвлекува „Патридата Македониа” на Голем Александар, од каде што потекнува и самиот преведувач. Инаку, во тој предговор се вели дека изворниот ракопис на претскажувањата бил пронајден во раскопките на Вавилон, во златна кутија, изветвен од забот на времето и од многу “кијамет”.
Современата македонска јавност се запозна со овој текст во 1996 г. кога во подготовка на проф. д-р Вера Стојчева-Антиќ беше објавена книгата „Претскажувањата на Голем Александар“ во која е даден текстот на оригиналот со грчки букви на македонски јазик со напоредна кирилична транскрипција.

Претскажувањата на Александар во претсмртниот час се однесуваат на толкувања и знаци кои го предвидуваат распадот на неговото големо царство, борбите што ќе настанат меѓу неговите луѓе. По смртта на Александар кој не назначил свој наследник, започнале кавги и борби меѓу потенцијалните наследници. Александар, меѓу другото ја споменува и смртта на жената од Мисир која „ќе цаливат натре во цвеќињата една змиа отрувачка и ќе умри“. Тоа е всушност неговата идна правнука Клеопатра Македонката, царицата на Египет, која најдолго се бореше да го зачува Македонското царство, кое дефинитивно целосно потпаѓа под Рим по нејзината смрт во 30г. пред Христа. Александар Македонски во претсмртниот час го предвидува цепењето на големото Македонско царство од децата на волкот и формирањето на Ромејското Царство. Јеромонахот Атанасиј Македонски објаснува дека „Децата на волкот викат Голем Александр Ромеите, зашто имаше една приказна што првите Ромеи цицаја од една женцко волк“. Александар Македонски го претскажува и доаѓањето на Исуса Христа па вели: „Кога ќе дојде времето. Човек не познаен ќе дојт од Прет-снце устрамотен од луѓето и скрстен на земјата негова. Држи крст од мачење…“ Овде би појасниле дека во житието на првиот старозаветен пророк Еремија, кој шестотини години однапред го пророкувал доаѓањето на Исус Христ, е запишано дека Александар Македонски по освојувањето на Мисир (Египет) триста години по смртта на пророкот ги пренел светите мошти на Еремија во Александрија, кое станало свето место кадешто луѓето оделе на посветение (аџилак). Александар Македонски го предвидува и обновувањето на Македонското царство подоцна наречено Византија, за кое кажува дека постепено ќе биде преземено од темните Грко-ромеи.
Но, колку и да се чинат интересни и провокативни неговите претскажувања и пророштва, најважно од се во записот е реченицата „Иљади години сет како дено од вчера“. Со оваа клучна реченица почнува и завршува неговото претскажување и оваа реченица Александар ја повторува повеќепати на почетокот на секоја своја нова визија…Оваа реченица е најбитното нешто што го кажува Александар, но за жал, неупатените Македонци, досега и‘ немаат посветено внимание, токму како резултат на две-три милениумското нивно умствено декодирање и настојувањата за бришење на македонските знаења и сеќавање од страна на потомците на “децата на волкот“ кои се раширени низ денешниот атлантистички дел на светот. Оваа реченица за мимолетноста на животот со која почнува и завршува претскажувањето, сепак, не е само обична филозофска мисла туку многу повеќе, тоа е формула за клучот на времето поточно за староста на Универзумот и Александар не попусто ја повторува. Остава порака за идните генерации Македонци кога ќе дојде времето да се сетат кои се и да си приспомнат на божјите знаења што им се дадени.
Кога пред 2000-та година првпат го читав овој текст ми падна в очи токму реченицата “илјада години се како денот од вчера” и веднаш бев сигурна дека тоа е порака за математички клуч со кој се кажува многу повеќе отколку само релативизирање на времето, зашто ако 1000 години се 24 часа (денот од вчера) тогаш 500 години се 12 часа, 2000 години се два дена итн… Но, требаше уште години да поминат за информациите сами да си дојдат и да се наредат расветлувајќи ми ја вистинската смисла и значење на реченицата „Илјада години се како денот од вчера“, посебно за нас Македонците.

Еврејското учење Кабала за основа на својот „мистицизам“ го присвојува клучот „Илјада години се како денот од вчера“
Токму оваа реченица „Илјада години се како денот од вчера“, интересно, се наведува како клучна за староста на космосот во еврејското учење наречено Кабала, која Евреите уште ја нарекуваат и Мистична библија. Кабалистите тргнуваат од претпоставката дека Библијата има божествено потекло, и во толкувањата на нивното учење Кабала честопати се повикуваат на Библијата поточно на Стариот Завет. При тоа, не објаснуваат какво е тоа божествено потекло на библијата.
Кабалата, според добро упатени еврејски рабини, првпат е напишана пред околу седумстотини години од страна на кабалистот Раби Исаак од Ако, како книга со наслов „Ризницата на животот“. При тоа, тој ја користел веќе постојната Библија која, според кабалистите, Раби Исаак од Ако ја знаел наизуст. Неговиот, наводно многу таен ракопис, неколку векови се’ до 1960г. бил изучуван од страна на ретки поединци кои ја проучувале Кабалата само преку препис. До денешен ден ракописот никогаш не е публикуван. Кабалистите ја раскажуваат приказната дека во 1917г. овој ракопис се наоѓал во Русија кога болшевиците дошле на власт. Ракописот бил архивиран во секцијата ретки ракописи на државната Ленинова библиотека. Кураторите знаеле дека тоа бил многу стар ракопис, но бидејќи ја немало насловната страница, бил каталогизиран едноставно како „шестотини години стар ракопис од непознато потекло“.
Кабалистите најпосле почнале да трагаат по ракописот и некаде во 1960-та година го лоцирале мистичниот трактат на Раби Исаак и посакале да го земат од Русија. Но, руските официјални личности одбиле да дозволат било кому да го види материјалот. И како што обично се случува кај евреите да се служат со досетки и измами, еден кабалист се досетил: му се обратил на еден издавач на кој му рекол дека му треба тој ракопис за истражувања во неговата нова книга. Издавачот се согласил да ги контактира соодветните руски официјални лица и најпосле копија на овој мистичен текст бил доставен до издавачот и истражувачот со значаен финансиски надомест. Ете како е направена Кабалата во која само пред околу седум века е претставено знаењето за Постанокот и за староста на космосот. Замислете, а колкумина го мистифицираат самото спомнувањето на зборот Кабала, идентификувајќи ја со не знам колку старо потекло и какви ли не големи тајни и знаења. Без намера овде да навлегувам во суштината на овој божем мистичен ракопис, кој е компилација и преземање на оригиналните стари знаења кои се прилагодени на еврејските вековни настојувања за спас од вавилонското ропство и за доминирање на светот, ќе се задржам на она што е во фокусот на ова разгледување.
Имено, Раби Исаак учењето дадено во неговиот ракопис за Кабала од 13 век му го припишал на самиот Мојсеј на планината Синај вклучително 90-от Псалм од Библијата, стих 4, со клучот „Илјада години се како денот од вчера“, (во македонската библија овој псалм се појавува под број 92?!). Всушност, Кабалистите сметаат дека псалмите на Мојсеј од 90 до 100-от се тајната врата на пророштвото. Тие нагласуваат дека во 90-от Псалм од Библијата во стихот 4 се објавува, „Илјада години се како денот од вчера…“ Но, интересно е што кога во Библијата се чита 90-от псалм се забележува дека стихот 4 е несовпаден со другите стихови, некако како насила ставен таму. Како и да е стихот „Илјада години се како денот од вчера“ за еврејските кабалисти мистици очигледно е формула, при што со цел да дојдат до нивната верзија на староста на космосот, тие си прогласуваат дека „денот од вчера“ е еден ден на Господ кој соодветствува на илјада „човекови“ години. Сепак, ова воопшто не е нивен оригинален „изум“ туку е украден.
Имено, тоа се египетски и ведски знаења кои многу одамна се однесени и во Египет и на Исток од древните предци на Македонците. Свитоците со знаењата му биле вратени на Александар Македонски во Египет кога тој од страна на високото египетско свештенство бил инициран во гробницата на богот Тат (Тот). Затоа Александар Македонски, кога по Египет тргнал на Исток со цел да ги врати дома и ведските знаења кои се чуваат во некои стари манастири на Тибет, во претсмртниот час во Вавилон го повторувал клучот за староста на вселената „Илјада години се како денот од вчера“, што како знаење од неговите предци му било пренесено во Египет.
Со оглед на тоа што Александар Македонски преминал во 323г. во Вавилон кога е направен горе спомнатиот запис за неговите претсмртни претскажувања и за првпат на формулата „Илјада години се како денот од вчера“, повеќе од јасно е дека евреите дотогаш не ја знаеле таа реченица. На Мојсеј, кој наводно живеел во Египет каде што го подучувале црните магови, не му било дадено светлото знаење на Тот од високото египетско духовно правосвештенство. Стариот Завет е пишуван пред Христа а процесот траел неколку стотици години, пишуван е дури и во времето на Александар Македонски во Александрија. Во тој долг процес учествувале и Евреи и судејќи по се’, стихот 4 во 90-от псалм му е припишан на Мојсеј дури по смртта на Александар Македонски. Потоа во 13 век, од создавачот на таканареченото еврејско мистично учење Кабала, Раби Исаак, тој од Библијата ја презел формулата „Илјада години се како денот од вчера“ како основа за нивниот “мистицизам” и Кабалата. Со тоа го запечатил направениот фалсификат дека Мојсеј е автор на знаењето за староста на вселената.
Оттука, знаењата за староста на вселенета и самиот клуч „Илјада години се како денот од вчера“, кабалистите сакаат да ги претстават како еврејски, единствени и најстари. Но, повеќе од јасно е дека не се ни првото, ни второто, ни третото, туку се земени од други оригинални древни знаења.
(продолжува)