Геополитика

ЌЕ УСПЕЕ ЛИ ТРАМП 2.0 ДА ГИ ПОБЕДИ БРИСЕЛСКО-ЛОНДОНСКИТЕ ГЛОБАЛ-ФАШИСТИ?

Емилија Гелева

Дали Трамп 2.0 ќе им го врати ударот и ќе успее да ги победи европските глобалистичко- фашистички лидери за разлика од неговиот прв претседателски мандат (2016-2020) кога “длабоката држава” го оневозможи Трамп да се избори за неговата “Америка голема повторно”? Од таа победа зависи не само уште еден мандат за Трамп, туку и иднината на САД и на светот.

Факт е дека новиот втор претседателски мандат по пауза од четири години, Доналд Трамп го отпочна со “блиц криг” и со подготвен концепт кој ги затекна изненадени и неподготвени либерал-глобалистите во Брисел и Лондон. Иако имаше навестувања во неговите изборни ветувања дека ќе го сопре правењето војни и безредија низ светот од страна на “длабоката држава” на Демократите, сепак молскавичната акција веднаш по неговата инаугурација беше големо изненадување.

Удирајќи му “колец” на злото УСАИД и Сорос, главните орудија на “длабоката држава” за манипулации и соборување на легитимни влади низ светот, Трамп ги покажа своите вистински намери да ја направи Америка голема повторно. Но, освен домашното економско воскреснување, Трамп сака да ја направи Америка повторно голема и славна во светот. А за тоа му треба да го тргне лошиот имиџ што САД, благодарение на УСАИД, Сорос и на длабоката држава, го има ширум светот и кој од година во година стануваше се’ по црн.

Елиминирајќи го УСАИД со еден потег, спречувајќи со огромни суми на злоупотребени пари да се финансира монструозна мрежа на таканаречени “невладини организации” ширум светот, Трамп јасно покажа дека САД нема да прави и да провоцира војни со преврати и да го финансира злото преку таквиот криминален и корумпиран систем. Останува да се види дали неговата администрација ќе успее да ја држи под контрола способноста на Демократите и нивната “длабока држава” за брза преобразба и дејствување преку нови слични организации со ново име.

Создавањето нов имиџ на миротворец, неговиот лично, но и на САД во светот е неговата втора намера, заради што тој за само неколку дена ги почна разговорите со Русија за крај на воените дејствија во Украина. Тој постојано повторува дека мора да запре секојдневното гинење на млади луѓе, дека сака да шири љубов низ светот и дека имал добра душа, многу добра душа. Но, се покажа дека во пракса неговата љубов некој не ја дозволува. Еве зошто.

Околу расчистувањето на мрежата на британскиот агент Сорос кој преку САД го создаде монструозниот систем на невладини организации во САД и во голем број земји во светот, Брисел и Лондон молчеа, оти беа обелоденети од највисоко официјално место и беа стаписани, најверојатно. Но, кога Трамп веднаш почна да разговара со Русија за мир во Украина, при што ЕУ и Лондон немаа пристап на преговарачката масата, Трамп наиде на отпор со брзо прегрупирање на бриселските лидери предводени од Лондон. Центарот во Лондон веднаш го подучи Зеленски да престане да му се спротивставува на Трамп и да го одоброволи Трамп да го прими во Белата куќа. Светот виде во живо колку катастрофално помина тој состанок и дека Зеленски беше набркан од Белата Куќа. Не само заради грубите навреди што Зеленски ги изрече кон САД, туку и бидејќи не беше спремен да го потпише договорот со Трамп за долгогодишни концесии за Вашингтон за украинските ретки минерали, како начин за враќање на долгот за оружјето и воената помош од Бајден во износ од 350 милијарди. САД нема да ја финансира и помага војната во Украина и тоа што е дадено треба да се врати, беше категоричен американскиот претседател. Таа војна не е американска, ако сака Европа нека ја води сама, без Америка, порача недвосмислено Трамп.

Интересно е дека  Зеленски не можеше да го потпише договорот за ретки минерали со САД бидејќи непосредно пред инаугурацијата на Трамп на 20. 01. 2025г. веќе потпишал договор за минералите со Лондон во кој има клаузула дека договорот ќе важи доколку војната заврши. Од тоа се гледа дека Британија има единствена цел и планира да ја продолжи војната со Русија се’ до нејзин пораз што тие си го посакуваат барем двесте години. Затоа, откако Трамп по кратка постапка го прекина финансирањето на војната во Украина и дотурот на оружје, Лондон  продолжи да испраќа оружје и воена помош и да ги тера и другите земји на ЕУ да испраќаат оружје во Украина. На тоа први одговорија Франција и Германија и покрај предупредувањата од Москва дека военото мешање на членки на НАТО во Украина води кон разгорување на војната на европско тло.

По ова стана очигледно дека Лондон ја предводи глобалистичката “длабока држава” и дека ја осмислил стратегијата и ја стимулира војната во Украина. Едновремено, како претенденти за користење на украинските минералите веднаш се јавија Франција и други држави на ЕУ барајќи потпишување на договори со Зеленски. Но, Путин му порача на Трамп дека доколку му требаат ретки минерали тие може да ги добие од Русија која ги има во изобилство, со што им го изби од раце на либерал глобалистите тоа прашање како некаков адут со кој ќе го “возат” Трамп.

Така Брисел и Лондон успеаја да го одолжат склучувањето на договор за примирје и прекин на војната, и странично но сепак да даваат предлози и да форсираат прашања за испраќање свои “мировници” во Украина што Москва категорично го одби. Односно се обидоа да им наметнат на САД и Русија да се фатат во нивното “Натемаго оро”. На тоа молскавично реагираше рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров кој рече дека ЕУ и Лондон не се тие што можат да диктираат било какви услови во преговорите за Украина.

Соработниците на Трамп бргу ја сфатија перфидната игра на Брисел и Лондон и замката што повторно им ја спремаат со цел и овој пат да му го опструираат планот на Трамп за да ја воздигне економски Америка и да ги запре војните што ги создадоа либерал-глобалистите. Поточно, ја сфатија веднаш намерата на Брисел и Лондон да го отежнат нормализирањето на односите меѓу САД и Русија и да го оневозможат концептот на Трамп за прекин на војната во Украина. Што би рекле информатичарите се обидуваат да прават премногу “шумови” во комуникацијата Трамп-Путин. Но, неуспешно. Трамп вешто ги држи бриселските фашистички лидери надвор од преговорите за Украина, ги игнорира сосема. И тоа нема да се смени.

Европската Унија овој пат е немоќна и економски и политички, таа е еден периферен играч што може да им дава наредби само на државички од “нивниот” таканаречен Западен Балкан. Немоќен им е и “шефот” Лондон и не знае што го снајде. Тешко дека ќе успеат да го одржат во хибернација либерал-глобалистичкото чудовиште цели четири години, а камо ли уште еден повторен мандат на Трамп.

Затоа, најважно за Трамп, за неговиот план “Америка повторно голема” е да го уништи чудовиштето целосно. Во спротивно, чудовиштето ќе го уништи него.

Точно кажа американскиот претседател Трамп: Русија не ни е непријател! Токму така, мистер Трамп, чудовиштето е твојот непријател, на Америка и на сите други добронамерни луѓе во светот. Тоа може да се уништи само со еден решителен удар како што Св. Ѓорѓија ја уништи аждајата! Недвојбено, Трамп ќе мора да го направи тоа.