Евроатланта

СИТЕ ВОЈНИ НА ГЛОБАЛИСТИЧКИТЕ ЛИБЕРАЛИ

Глобалистичките атлантисти со иста матрица за предизвикување на војни во светот

Емилија Гелева

Глобалистичките либерални сат(л)антисти 1) измислија оружје за масовно уништување во Ирак за да го бомбардираат, 2) измислија загрозени човекови права на Косово и Метохија и создадоа огромен број бегалци албанци за НАТО да ја бомбардира СР Југославија и да донесе независност на Косово, 3) ја создадоа ОНА и обучија терористи и платеници за да ја направат војната во Македонија во 2001г. и да ги инсталираат терористите на власт, 4) ги урнаа кулите близначки и го набедија (нивниот претходно создаден агент) Осама бин Ладен како оправдување за бомбардирањето и влегувањето во Авганистан, 5) го создадоа ИСИС за да војува во Сирија за сметка на САД, 6) го подготвија Хамас да го нападне Израел со крајна цел уништување на Палестинците од страна на Израел, 7) го измислија Зеленски и ги потсилија укронацистите во Украина против руското население таму за да мора Русија да ги брани Русите во Украина и конечно 8) го елиминираа Алексеј Навални (во моментот кога Русија им понуди соработка и мир во светот) со цел подгревање на нивната лага за застрашувачка слика за “руска закана”, што е всушност само оправдување на дотурот на милијарди за испраќање на оружје во Украина и одржување на војната.

Интервјуто на рускиот претседател Владимир Путин дадено на американскиот новинар Такер Карлсон што го гледале над една милијарда луѓе во светот, видно ги потресе Белата куќа во Вашингтон, НАТО и Брисел. Толку многу што Вашингтон си дозволи брзо да го обвини Кремаљ за смртта на рускиот опозиционер Навални кој одлежуваше затворска казна. Но, се чини ситуацијата е малку обратна, зашто ако се прашаме кому тоа одговара и зошто токму по интервјуто на Путин што претставува “бомба” со разорна моќ врз глобалистичките атлантисти, тогаш некој друг со цел да го одврати вниманието од кажаното во интервјуто, всушност, го направил тоа. Не е тешко да се погоди кој.

По ова се посигурно е дека освен провокацијата со смртта на Навални, од глобалистичките либерални атлантисти многу бргу може да се очекува уште поголема “фалсфлег” провокација за да започнат војна со Русија, која де факто веќе ја почнаа преку огромниот дотур на оружје на Украина и договорите за воена соработка што изминатите денови во Киев Зеленски ги потпиша со Велика Британија, Германија и Франција. Нема да запрат, за жал, го разбираат само јазикот на насилство.

Месеци на голема неизвесност до ноемвриските избори во САД. Спремни се на се дури и во сопствената земја, за да го спречат изборот на Трамп кој е апсолутно извесен. Нивната матрица е целосно иста и препознатлива, ќе измислат лажна закана за да го направат и оправдаат злото што сакаат да го направат. И на Бога му здодеавте со истите глупости!