Геополитика

Војна која Русија е предодредена да ја добие

Европејците се убаво изиграни од Американците

Треба да се очекува пораз на САД и НАТО, што ќе ја комплетира транзицијата кон Мултиполарен светски поредок. Европа, вклучително и Британија, се  економски уништени и постои опипливо незадоволство поради „трансатлантското раководство“ на САД.

МК Бхадракумар – поранешен амбасадор

20.10.2022. Два неуспешни, масивни спектакуларни терористички напади, придонесоа за раѓање на ужас во војната во Украина. Двата внимателно планирани напади, во редослед еден по друг – на гасоводите Северен тек-1 и Северен Тек-2, како и на Кримскиот мост – беа наменети како нокаут удар за Русија. Според претседателот Владимир Путин, луѓето „кои сакаат конечно да ги прекинат врските меѓу Русија и ЕУ, да ја ослабат Европа“ стојат зад експлозиите на „Северен поток“. Тој ги именуваше САД, Украина и Полска како „корисници со најголема придобивка“.

Со терористичкиот акт на Кримскиот мост украинскиот претседател Зеленски ја премина црвената линија на што Москва го предупредуваше

Руската домашна разузнавачка служба ФСБ го идентификуваше шефот на военото разузнавање на Украина, Кирило Буданов, како организатор на нападот на Крим. Њујорк тајмс и Вашингтон пост, исто така, покажаа прсти кон Киев, цитирајќи „извори“. Додека Северен тек-1 е осакатен, една од низите на Северен тек-2 останува недопрена. Путин минатата недела рече дека гасоводот може да биде обновен и Русија да испорача околу 27 милијарди кубни метри гас. „Топката е на страната на Европската унија, ако тие сакаат – ајде да ја отвориме чешмата“, рече тој.

Но, Брисел молчи. Ова е длабоко непријатен момент за ЕУ. Триумфализмот исчезна бидејќи на Европа и се заканува долгогодишна рецесија предизвикана од ударот од санкциите против Русија, на кои инсистираа САД, прекинувајќи ги енергетските врски со Москва. ЕУ сега стана заробен пазар на големите нафтени корпирации (Big Oil) и е оставена да купува ЛНГ од САД по бараната цена, која е шест до седум пати повисока од домашната цена во САД. (Договорната цена за долгорочно руско снабдување за Германија порано беше околу 280 долари за 1.000 кубни метри наспроти сегашната пазарна цена која се движи околу 2.000 долари.)

Едноставно кажано, Американците убаво ги изиграа Европејците и ЕУ. Индија треба да го има ова   предвид за во иднина, ваквиот потег од САД спрема нивниот сојузник ЕУ. Во основа, администрацијата на Бајден  намерно создаде енергетска криза чија вистинска цел е воено профитерство.

Нападот на Кримскиот мост од 8 Октомври ги промени работите за Русија. Зеленски ја премина црвената линија на која Москва постојано го предупредуваше. Путин откри дека имало и три терористички напади врз нуклеарната централа Курск. Русите сега, нема да се задоволат со ништо помалку од  соборување на режимот на Зеленски.

Одмаздата на Русија против „критичната инфраструктура“ на Украина, нешто од што Москва досега се воздржуваше, има сериозни импликации. Од 9 октомври Русија почна систематски да го гаѓа украинскиот електроенергетски систем и железницата. Истакнатиот руски воен експерт Владислав Шуригин изјави за весникот „Известиа“ дека ако ова темпо се задржи околу една недела, тоа „ќе ја наруши целата логистика на украинската војска – системот за транспорт на персонал, воена опрема, муниција, сродни товари, како и функционирање на воени и поправни постројки“.

Американците се наоѓаат во нивен надреален свет на стаклено ѕвоно во кој  наративот е дека Русија ја „изгубила“ војната. Меѓутоа, во реалниот свет, Иван Тертел, началникот на КГБ во Белорусија, кој има инсајдерски поглед на Москва, минатиот вторник рече дека со зголемувањето на силите на Русија во воената зона – 300.000 војници кои се мобилизирани, плус 70.000 доброволци – и распоредувањето на напредно вооружување, „воената операција ќе влезе во клучна фаза. Според нашите проценки, пресврт ќе дојде во периодот од ноември годинава до февруари следната година.

Креаторите на политиките и стратезите во Делхи треба внимателно да ја забележат временската рамка. Заклучокот е дека Русија бара целосна победа и нема да се задоволи со ништо помалку од пријателска влада во Киев. Западните политичари, вклучително и Бајден, треба да разберат дека Русите, наскоро нема да можат да бидат сопрени воено од страна на Украинците. Донациите со оружје почнуваат да пресушуваат, а Киев постојано бара повеќе.

На прашањето дали ќе се сретне со Бајден на Г-20 во Бали, Путин во петокот со потсмев забележа: „Тој (Бајден) треба да биде прашан дали е подготвен да води такви преговори со мене или не. Да бидам искрен, не гледам никаква потреба, во голема мера. Засега нема платформа за какви било преговори“.

Сепак, Вашингтон сè уште се нема откажано. Администрацијата на Бајден останува опседната со исцрпување на руската војска – дури и по цена – уништување на Украина. За Русија, има уште многу работа на бојното поле: угнетеното руско население во Одеса (кое претрпе неискажливи ѕверства од неонацистите), Миколаев, Запорожја, Днепропетровск, Харков  очекуваат „ослободување“. Тоа е многу емотивно прашање за Русија. Повторно, севкупната агенда за „демилитаризација“ и „денацификација“ на Украина мора да се доведе до својот логичен заклучок.

Кога сето тоа ќе заврши, Путин знае дека Бајден нема ни да сака да се сретне со него. Унгарскиот премиер Виктор Орбан минатата недела рече: „Секој што сериозно верува дека на војната може да се стави крај преку руско-украинските преговори, живее во друг свет. Реалноста изгледа поинаку. Во реалноста, таквите прашања можат да се разговараат само меѓу Вашингтон и Москва. Денес Украина е способна да се бори само затоа што добива воена помош од САД…”

„Во исто време, не го гледам претседателот Бајден како личност која навистина би била погодна за такви сериозни преговори. Претседателот Бајден отиде предалеку. Доволно е да се потсетиме на неговите изјави за рускиот претседател Путин“. Индија треба да очекува пораз на САД и НАТО, што ќе ја комплетира транзицијата кон Мултиполарен светски поредок. Европа, вклучително и Британија, се  економски уништени и постои опипливо незадоволство поради „трансатлантското раководство“ на САД. Индо-пацифичката стратегија е безнадежно отфрлена. Нови центри за моќ се појавуваат во проширеното соседство на Индија, како што покажува одбивањето на OPEC и OPEC+ кон Вашингтон. Потребно е длабоко прилагодување во индискиот државно-стратешки калкулус и надворешна политика.