Колумни

Европски залез

Зоран Кулјан

Боб Фос во ремек делото ,,Кабаре“ jа прикажа  реалната слика на вечерниот и блуден профашистички Париз во време на окупациjата. Или, како што изjави Лајза Минели за филмот: ,,Кабаре е филм за раѓањето на фашизмот и смртта на Европа“

Во текот на  Втората светска воjна Франциjа потполно се потчини под шинелот на Адолф Шекелгрубер (Хитлер според презимето од неговиот очув). Во  слободољубивата Франциjа само десет проценти од населението (комунисти, шпански граѓани и Евреи) учествуваа во Отпорот. Во северна Африка, заробената армиjа на Патен, доби три алтернативи при нивното ослободување: враќање каj генерал  Патен во Франциjа, останување во воjската на генерал  Де Гол  и продолжување на животот во Алжир, Либиjа. Повторно, само десет проценти му се придружиле на Де Гол. Наjголем броj од заробените француски воjници се вратиле каj Патен. 

Во Париз, соработката со фашистичката власт била на ниво од вообичаеност и секоjдневност. Ив Монтан и Едит Пjаф ги забавувале окупаторите во кабареата, Коко Шанел живеела во штабот на  Гестапо во Париз, неjзините модни креации биле омилени меѓу дамите со ниска социjална одговорнос  кои ги опслужувале германските офицери биле и кои биле воодушевени од Мадам кутурjе Шанел. Боб Фос во ремек делото ,,Кабаре“ jа прикажа  реалната слика на вечерниот и блуден профашистички Париз во време на окупациjата. Или, како што изjави Лајза Минели за филмот: ,,Кабаре е филм за раѓањето на фашизмот и смртта на Европа“.  Едит Пjаф, во своите мемоари го опишува животот во Париз, разни згоди и незгоди  во него, но нема ниту една фраза за окупациjата и фашистичките узурпатори. Во повоената Франциjа овие колаборационисти добиjа можност да ги обликуваат сферите на нивно делување и беа ,,канонизирани “ во  европската  музика и модна индустриjа. 

            Губењето на државната субjективност и суверенитет Франциjа го доживува на рати по Де Гол, а ерата на Саркози стави крај на француската република како самостоен и суверен државен ентитет.

Франциjа и обединета Германиjа, водечките европски економии беа развивани со помош на руски ефтини ресурси и ефтини енергенси. Прокси воjната што американскиот хегемон jа води против Русиjа на териториjа на Украина, со оружjе произведено во земjите од НАТО а во раце на Украинците, е последен обид на „Златната Милиjарда“ со живеалиште во колективниот Запад, да ги освои непрегледните пространства на Русиjа исполнети со сите елементи од таблицата на Менделеев. Таквиот факт го призна и ционистичкиот репрезент Медлин Олбраjт непосредно пред нејзиното заминување од овој свет.

Во едно интервjу од 2016 г. непосредно пред изборите за нов шеф на Белата куќа , претендентката Хилари Клинтон изjави дека американските геолози и вулканолози имаат идентични анализи  во однос на реалната опасност од ерупциjа на супер вулканот Jелоустон и деградациjа на тектонската плоча Сан Андреа. Тоа значи масовна евакуација на Американците, поточно на тие што ќе имаат среќа да се евакуираат заедно со американската елита. Филмот ,,Титаник“ покажува како изгледа „ефикасната“ евакуациjа на обичните граѓани од местото на катастрофа. Клинтон, понатаму изјави дека според многу критериуми Украина би биле новите САД на териториjа на Европа. Толку околу „неочекувата“ специjална операциjа на РФ во Украина. Неодамна дури и римскиот Понтиј изjави дека НАТО премногу долго и премногу гласно лаеше пред портите на РФ.

Русофобиjата на Украина, Американците jа франкенштаjнизираа во време на претседателствувањето на нивната инсталација Виктор Jушченко во 2005г. Тогаш се случи прата обоена револуциjа, првиот Маjдан. Култивирање на омразата кон Рускиот Свет доби на интензитет по 2014 година кога жителите на Донбас беа стигматизирани и бомбардирани на дневна основа во текот на осум години. 32.000 храбри синови и ќерки од ДНР и ЛНР осум години се спротивставуваа на 120.000 современо наоружаната армиjа на Украина. Иако, претходниот претседател на Украина се обврза за спроведување на Минските договори .

            Мора да им се признае на кураторите од англосаксонскиот свет за успехот постигнат во кулминирање на омразата меѓу братските славjански народи за реализациjа на планот на Алан Дулс и американската Длабока држава. Ширење на наркоманиjа, алкохолизирање, национална деградациjа на Славjаните за нивно морално и физичко уништување. Кулминацијата на тоj крвоплан се одвива сега во Украина. Наjголеми хејтери и злонамерници се Славjаните од германизираните балтички држави, Полска, Словачка, Чешка… Нивните политички елити, задоени со отровното млеко произведено во глобалистичките прехрамбени индустрии, и наjчесто од неславjанско потекло, се трудат да ги турнат славjанските народи во сеопшта кланица.

Неодамна само педесетина држави во ОН се солидаризираа со Хегемонот за вината на РФ во специjалната операција на Украина. За разлика од март, неколку дена по почетокот на СВО, кога 132 држави му поверуваа на колективниот Запад во обвинувањата и лажните новости продуцирани и пренесувани од глобалистичките информациони мрежи.  

            Во следните зимски месеци, на помош на руската армиjа ќе и се приклучи и „Генерал Мраз“, проверен соjузник  на Александар I и Jосиф Висарjонович против Бонапарта и неталентираниот сликар  Шекелгрубер. „Генерал Мраз“ ќе биде присутен и во ЕУ како потсетник на самоубиствената политика на санкции во форма на бумеранг а спроведена од европските бирократи во име на вазалната Европа .