Геополитика

Геополитиката, Македонија и знаците на Времето

Емилија Гелева

Геополитичката реалност во светот го наметнува прашањето за знаците на Времето опишани во пророштвата на трите големи религиозни системи на христијанството, јудаизмот и исламот. За познавачите на есхатологијата, крајот на светот е претскажан во нивните верски книги, за христијаните тоа се однесува на Армагедон (АрМГД), за eвреите на Мегидо (МГД), а за муслиманите принцот кој ќе биде присутен тогаш е Мах(г)ди (МГД).

Уште пред сто години, Едвард Покок, англиски ориенталист и библиски проучувач, името Македонија го поврзува со Магада преку Макадониа (МК(Г)Д). Тој вели дека Магада (Макадонија) е Мегидо, е Армагедон. Магада како збор постои во Ведските записи и е еднаков со зборовите „Крита“ и „Сатја“ со значење „светла“ па оттука Макадониа (Македонија) значи Светлина, исто така. Во словенските јазици, како што е македонскиот, ведскиот (санскрит) збор “Сатја” постои како “сватја, света, светла”. Во ведскиот речник “Сатја” е квалитет на добрина или чистота и знаење, вистина, искреност, веродостојност. “Крита или крта”, како синоним за “Сатја” значи “време на раѓање, духовно раѓање” (на словенски и на македонски јазик “, „рта” значи токму “да се појави, да се роди”). Интересно е тоа што во Веда друг збор за “крита” е Магада (МГД) а се однесува на земјата на Магада или луѓето на Магада односно на Македонија.

Сите древни духовни записи кажуваат дека решавачката битка за човештвото е поврзана со Македонија, што е сосема логично кога се знае дека тоа е местото поврзано со самиот Постанок! Во најстарите Ведски записи стои дека само таа земја никогаш не може да биде уништена, зашто од неа како зраци низ светот се ширеле божјите знаења запишани во Светлината.
Ова е важно да се знае за да се разбере она што навистина се случува на геополитички план во светот. Ако го следиме патот на најжешките места во светот создадени од Западот ќе забележиме дека Атлантистите ги напаѓаат местата или земјите со значење “светлина”.

На геополитичко ниво нивната борба против оската на светлината се случува во Сирија, Македонија, Украина, поточно Новорусија, Русија, како и против земји со предзнак на светлина во Централна Азија и во Африка. Заедничко на овие места е што нивните имиња се поврзани со „светлина“, како што и нивниот светоглед, вредности и традиции се поврзани со овој принцип. Конкретното значење на зборот Сирија во Веда е Сонце или неговото божество. “Сирија” во словенските јазици значи рана зора, рана светлина. Тоа е причината зошто “Сирија е Aрка на светлината” и зошто за Темните сили на Западот тоа е “стратешка” точка за уништување. Причините се над се езотерични, не само економски или политички, прагматични, како што главно се објаснува. Истата ситуација е и со Македонија, бидејќи таа е Магада чие длабоко значење е светлина. Плус, зборот Рус во словенските јазици, како и на македонски јазик, значи светол, со светло (руса) коса и очи.

Претежно православните нации се на оваа оска, но и сите муслимански земји кои го следат традиционалниот ислам и ги почитуваат вредностите на светлината, исто така, се нападнати. По ова, станува јасно зошто Запад спроведува асиметрични и хибридни војни против сите овие земји. Исто така, станува очигледно зошто Македонија е нападната и под притисок на Запад за промена на името ако сака да стане членка на ЕУ и НАТО. Ако самите го промените вашето сопствено име тоа е најсигурен начин да ја заборавите и изгубите својата култура и традиција.

Западот сака да ја избрише вистинската човечка историја, со цел да создаде своја Орвелијанска историја – лажна, непостоечка. Тоа е причината зошто западната алијанса бомбардира и уништува голем број археолошки локалитети и важни стари градови во Ирак, Сирија, и на други места, обидувајќи се, всушност, да ги избрише вистинските историски докази.

Со цел да ја исполнат својата темна агенда на апсолутно владеење на светот, тие сакаат симболично да ја “исклучат” Светлината. Тие можеби сонуваат дека ако Сирија исчезне со поделба (ќе нема име Сирија), ако Македонците го променат своето име и последното парче на независна Македонија исчезне, тогаш, мислат ќе им биде полесно да го направат конечниот напад врз остатокот од светлите – врз Русите. Тие сонуваат дека космичкиот закон за доаѓање на претстојната Сатја југа (Светла доба) може да се запре и дека нивното мрачно доба ќе владее вечно. Не постои таква можност, бидејќи ништо и никој не може да го промени неуништивиот космички поредок.