Македонија

Наместо честитка за Илинден -Соочување со суровата Вистина за Трите Македонски Илиндени!

ИЛИНДЕН не е обичен ден, ИЛИНДЕН е Светол ден и ден на Судбинско Божјо Провидение!

Емилија Гелева

ПРВИОТ ИЛИНДЕН
На ден на Светиот Илија, 2-ри Август 338 г. п.н.е. со големата победа на војсководецот Филип II Македонски во битката кај Херонеја против Атена и Теба, победа за која многу придонел син му, младиот Александар кој го предводел левото крило на војската, почнал незадржливиот подем на Македонското царство.

ВТОРИОТ ИЛИНДЕН
Со Крушевското востание на 2-ри Август 1903г. Македонија цела (Вардарска, Беломорска и Пиринска) всушност ги загуби шансите Султанот да го потпише ирадето што веќе му било на маса за потпис за давање автономен статус на Македонија. Со тоа, за жал, започна процесот на парчосување и смалување на Македонија од страна на западните моќници. Со пропаднатото Крушевско востание Македонија си ја ускрати можноста распадот и поделбата на Отоманското царство да го дочека како автономна – статус што би ја спречил поделбата што потоа и ја направија моќните западни држави со Версајскиот договор. Очигледно е дека зад кревањето на Крушевското востание и тоа токму на 2-ри Август, стои токму сценариото на западните држави за спречување на постоењето на Македонија цела како автономија, спроведено во пракса од нивни балкански шпиони. Симболично и езотериски, со објективно очекуваниот неуспех, Западните држави ја погазија славата на овој Светол македонски ден, што им беше исто толку важно колку и спречувањето на автономниот статус. Станува јасно зошто Гоце Делчев бил против кревањето на востанието во Крушево и тоа токму на тој ден. Сепак, бил учен и имал повеќе информации за странските планови отколку другите кои не ги разбирале докрај работите. Само за тоа, меѓу другото, Гоце Делчев ја заслужува најголемата македонска почит, зашто тоа го потврдува непобитно неговото непоколебливо македонство!

ТРЕТИОТ ИЛИНДЕН
Бидејќи Македонија не е обична творба и Светлиот Илинден не е обичен ден туку ден на кој Светлите сили им даваат тек и белег на идните случувања, ете затоа и Македонија воскресна од пепелта повторно на 2-ри Август 1944г. кога како антифашистичка ја обнови својата модерна држава иако во смалени граници!

По се ова, драги Македонци, имајте на ум дека е исклучително важно во иднина на 2-ри Август да го славиме и помниме и Првиот Илинден и тоа јасно и гласно да го кажуваме!