„Новата реалност добива форма. Униполарниот свет е неповратно дел од минатото, а почнато е создавањето на мултиполарен свет. Ова е објективен процес кој не може да се запре. Во оваа нова реалност нема да има ниту еден владетел….Никој на земјата нема да се смета за второразреден актер. Сите народи се еднакви и суверени.”
Сергеј Лавров, руски министер за надворешни работи
На 3 март 2022г., во Службениот весник на Европската Унија се објави дека ЕУ отстранила седум руски банки од системот за пораки SWIFT што ги поддржува глобалните трансакции, како дел од нејзините санкции против Русија поради дејствијата во Украина. Претходно, американските санкции беа насочени кон голем број руски банки, вклучително Спербанк и ВТБ кои управуваат со околу 80% од сите банкарски салда во Русија.
Како реакција на исклучувањето од SWIFT Русија од 1-ви април 2022г. се префрли на трговија со природен гас со колективниот Запад со плаќање во рубљи. Како следен чекор се предвидува целосно пренесување на целата трговија во руски рубљи.
Со тоа Русија го направи првиот сериозен чекор кон реформирање на глобалните финансиски и енергетски пазари, но тоа е само почеток.
Зависноста на европските земји од рускиот гас и другите извозни стоки се најде во фокусот веднаш откако Русија започна специјална операција во Украина на 24 февруари, а колективниот Запад почна да воведува антируски санкции.
Како одговор на замрзнувањето на рускиот имот од страна на странски земји, рускиот претседател Владимир Путин кажа дека продажбата на гас на „непријателските“ земји треба да се пренесе во рубљи. Ова се однесува на непријателската листа на земји, која ги вклучува САД, земјите членки на Европската унија, Обединетото Кралство, Јапонија, Канада, Норвешка, Сингапур, Јужна Кореја, Швајцарија и Украина. Познато е дека рускиот гас сочинува околу 40% од вкупната потрошувачка на гас во Европа, а според Гаспром, од 27 јануари 58% од продажбата на природен гас во Европа и другите земји се одвивала во евра. Доларот учествува со околу 39% од бруто-продажбите, а стерлингот со околу 3%.
Одговорот на Владимир Путин на антируските санкции се покажа поразителен за Западот, бидејќи ќе има глобално влијание врз состојбата на глобалните финансиски и енергетски пазари. Но, ова, очигледно, не е сè. Ќе следи подеднакво важен чекор. И Путин го спомна попатно. Поентата е дека, очигледно, Русија се подготвува за целосна транзиција на трговијата со таканаречениот колективен Запад во рубљи. „Јасно е дека во тој поглед снабдувањето на нашите стоки во Европската унија, САД и примањето плаќања во долари, евра и низа други валути за нас нема никаква смисла… Да почнеме со нашиот природен гас. – објасни Путин обраќајќи ѝ се на Владата на Руската Федерација.
Во оваа смисла, би било вредно уште еднаш да се погледне структурата на рускиот извоз, на пример, во земјите на ЕУ, бидејќи Руската Федерација е петти најголем трговски партнер на ЕУ по Кина, САД, Велика Британија и Швајцарија. Освен сурова нафта, нафтени деривати и природен гас, Русија ја снабдува Европа со црни метали, платина, дрво и производи од дрво, обоени метали, ѓубрива, руди и концентрати на железо, пластика и нивни производи, дијаманти, житарки и друго. Земјоделски производи. И ова не е целата листа. Оваа листа содржи стоки од критично значење за европските потрошувачи – тоа се ѓубрива, црни и обоени металуршки производи, нафта и нафтени деривати.
Целосното претворање на руската трговија со САД и особено со Европската унија во рубљи радикално ја менува целата ситуација на светските пазари и ги поткопува позициите на доларот и еврото на нив. Рубљата, која сега се продава во Русија, ќе стане многу популарна.
Евроазиската економска заедница (Белорусија, Казахстан, Киргистан, Русија, Таџикистан + Ерменија за одредени одредби) и Кина создаваат нов глобален економски и финансиски систем, чии темели веќе се поставуваат. Овој нов систем треба да има референтна валута чиј девизен курс би се одредувал од кошницата на валути на земјите основачи. Дизајниран е од Сергеј Глазјев и има за цел да го замени системот на Бретон Вудс, по исклучувањето на Русија од западниот SWIFT систем на плаќања како „санкција“ за нејзините акции против украинските бандеристи.
Постоењето на два конкурентни економски и финансиски системи го означува крајот на англосаксонската глобализација и нејзината ткн. „светска влада“.
Едновремено, Русија и Иран ја разгледуваат можноста за признавање на рускиот систем „МИР“ за плаќање за електронски трансфери на средства, како алтернатива на глобалната мрежа Друштво за светски меѓубанкарски финансиски телекомуникации (SWIFT), изјави иранскиот амбасадор во Москва Џалали. Тој објасни дека разговарал со руски претставници за признавање на платниот систем „МИР“.
Во 2017 година, Централната банка на Русија го воспостави системот МИР, по воведувањето меѓународни санкции кон земјата кои започнаа во 2014 година. Како одговор Централната банка разви и домашна финансиско-комуникациска платформа, системот за пренос на финансиски пораки, „SPFS“. Централната банка на Русија соопшти дека во 2020 година околу два милиони финансиски кореспонденции, или околу една петтина од рускиот внатрешен сообраќај за финансиски пораки, биле обработени со користење на руски системи. Тие имаат цел овој процент да се зголеми на 30% во 2023 година.
Инаку, според индиското списание Економик Тајмс, Руската државна развојна банка ВЕБ и Резервната банка на Индија (РБИ) ја финализирале алтернативната трансакциска платформа за олеснување на билатералната трговија откако западните санкции го оневозможија пристапот на Москва до глобално користената банкарска платформа за плаќања SWIFT. Новиот систем на плаќања ќе биде инсталиран во седиштето на РБИ и ВЕБ, вториот глобално познат и како State Development Corporation.
Системот, кој се смета за алтернатива на западниот SWIFT со седиште во Белгија (The Society for Worldwide Interbank Financial Telecommunication), ќе обезбеди беспрекорен трансфер на увозни или извозни документи за тргување во рубља – рупи.
И Турција најави дека би можела да ја користи руската валута рубља во трговијата со Русија, јави турската телевизија АХабер, цитирајќи го турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган. „Анкара и Москва може да користат „долар, евро, рубља, злато и јуан во трговијата“, изјавил Ердоган во телефонскиот разговор со рускиот колега Владимир Путин.
До уште поголем потрес во светските трговски правила и прописи најверојатно ќе дојде откако партијата Единствена Русија поднесе предлог-закон во Думата за повлекување на Русија од Светската трговска организација (СТО) за Русија да не мора да ги исполнува обврските на таа организација. Тоа е реакција на објавата на Велика Британија дека ќе го запре целиот извоз во Русија, кршејќи ги со тоа правилата на Светската трговска организација (СТО).
Глобализацијата каква што ја знаеме триесет години умира. Поделбата на светот на две различни зони на крајот треба да доведе до економски пад на Западот. Во оваа смисла станува појасна неодамнешната изјава на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров во Пекинг пред состанокот со кинескиот колега Ванг Ли, дека Москва и Пекинг работат заедно за да го отворат патот за „праведен светски поредок“.
И станува појасно дека не ги прекина Светскиот економски форум од Давос „сите односи“ со руската влада и Владимир Путин поради тековната „инвазија на Украина“, туку Русија му покажа среден прст на Светскиот економски форум и конечно расчисти со глобализмот и фанатиците на Големиот ресет, со изопачената глобална олигархиска елита на Клаус Шваб и неговите соработници.
Како што е јасно дека Советот на Европа не ја исклучи Русија, туку од претходно знаеше дека Русија повеќе нема намера да учествува во Советот на Европа и да ги трпи „субверзивните акции на Западот кој сака да го замени меѓународното право со свој поредок“, како што соопшти руското Министерство за надворешни работи. При тоа, руското МНР ги обвинија и ЕУ и НАТО дека го уништуваат Советот на Европа и заедничкото хуманитарно и правно „пространство“ во Европа, и дека „непријателските држави на Русија го злоупотребиле своето апсолутно мнозинство во Комитетот на министри на Советот на Европа“. За Русија, случувањата во Советот на Европа се целосно контролирани од НАТО и ЕУ преку што одредени земји своите интереси се обидуваат да ги претстават заеднички.
Се ова покажува дека Русија конечно го отфрли од себе оклопот од сите овие институционални делови на западната посакувана „светска влада“, ги отфрли како непотребни, предизвикувајќи разорувачки потрес на системот на англо-американците за светско владеење. Сите овие активности покажуваат дека фронтот за Русија е многу поголем отколку само Украина и дека нејзините потези се претходно многу добро обмислени на поширок план, со цел уништување на англо-американскиот униполарен либерален систем на владеење насочен кон истребување на човештвото – преку легализација на секаков вид переверзии, гревови, криминали и, на крајот, со претворање на луѓето во роботи и мутанти на Вештачката интелигенција.
Или како што вели рускиот геополитичар Александар Гелевич – Дугин, сега на сите им е очигледно дека Москва е центарот на Големото будење во светски размери. Ова е почеток на ослободување на човештвото од либералната диктатура на глобалниот либерален фашизам.
Украина е само камче во големиот мозаик на руската „специјална операција“ за слободно човештво!