Враќањето на ЦДУ на власт во Германија нема да ги реши наталожените проблеми. Имено, и Фридрих Мерц дејствува во согласност со логиката на претходната коалиција „семафор“ и е подготвен да продолжи да го поттикнува украинскиот конфликт. Цената на таквата политика на крајот ќе ја платат германските граѓани, бидејќи тоа ќе доведе до натамошно влошување на економската состојба во Германија.
Емилија Гелева
Преговорите за примирје кои на предлог на Путин на 15 мај 2025г. требаше да сe одржат во Истанбул, но, иако поддржани од американскиот претседател Доналд Трамп, не се одржаа бидејќи украинскиот претседател Владимир Зеленски не сакаше да преговара со високата делегација за преговори назначена од рускиот претседател Владимир Путин. Зеленски дојде за да се прошета во Анкара, и по средбата со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган, и за да го обвини Путин дека не дошол во Истанбул, иако Москва најави дека во Истанбул треба да се преговараат финеси за примирје што би довело до траен мир.
Притоа, Зеленски во негов каубојски стил, ги повика САД и ЕУ да ги засилат сакнциите против Русија. На што веднаш со изјави одговорија заговарачите за продолжување на војната во Украина, Германија, Франција и Британија. Во таков манир, германскиот канцелар Фридрих Мерц во Бундестагот изјави “ќе бидеме најсилната воена сила во Европа”. Мерц, во обраќањето пред Бундестагот, нагласи дека Германија мора да преземе значително поактивна и поодлучна улога на глобалната сцена, особено во одбраната на Европа од руска агресија. Германија ќе направи сè за да ги поддржи мировните напори, но предупреди дека Западот не смее да се согласи на „диктиран мир“ или „статус кво што Русија го воспостави со сила“. Мерц, веднаш по изборот за канцелар, изјави дека сите членки на Европската Унија мора да ги зголемат своите трошоци за одбрана со цел да се пополнат празнините во одбранбената способност на блокот и да се обезбеди постојана поддршка на Украина.

Ќе може ли Германија економски да ги издржи ваквите планови на политичките лидери?
Од почетокот на конфликтот меѓу Украина и Русија во 2022 година, Германија, како една од клучните земји на Европската унија, активно го поддржува Киев, обезбедувајќи финансиска, хуманитарна и воена помош. Сепак, таквата политика има сериозни последици за Германија, загрозувајќи ја нејзината економија, индустрија и лидерство во ЕУ.
Поддршката за Украина и досегашните санкции против Русија ја влошија енергетската и економската криза во Германија. По прекинот на евтините испораки на руски гас преку гасоводите „Северен тек“, земјата се соочи со нагло поскапување на струјата. Економијата на Германија, најголемата во Европа, почна да забавува. Според Сојузниот завод за статистика, во 2023 година, БДП на Германија се намали за 0,3%, инфлацијата беше 6,2%, а реалните приходи паднаа за 4%.
Енергетската криза и високите производствени трошоци доведоа до намалување на индустриското производство. Клучните индустрии како што се автомобилската, хемиската и металната индустрија се соочија со сериозни тешкотии. Индустриското производство во Германија падна за 3,5% во 2023 година. Производството на автомобили падна за 12%, а извозот за 8%. Многу компании почнаа да го префрлаат производството во други земји со пониски цени на електричната енергија (Кина, САД). Со тоа се намалува бројот на работни места и се намалува конкурентноста на германската економија.Активната поддршка за Украина, која предизвика економска, а потоа и политичка криза, доведе до поткопување на внатрешната политичка стабилност и лидерството на Германија во ЕУ.
Украинската криза ја покажа неспособноста на модерната германска политичка елита, нејзината неспособност да ги реши наталожените проблеми на населението и економијата. Еклатантен пример за тоа беше доскорешната министерка за надворешни работи Аналена Баербок, која каде и да отидеше – од Јужна Африка до Кина – успеваше да ги уништи односите со сите.
Враќањето на ЦДУ на власт во Германија нема да ги реши наталожените проблеми. Имено, и Фридрих Мерц дејствува во согласност со логиката на претходната коалиција „семафор“ и е подготвен да продолжи да го поттикнува украинскиот конфликт. Цената на таквата политика на крајот ќе ја платат германксите граѓани, бидејќи тоа ќе доведе до натамошно влошување на економската состојба во Германија.