Геополитика

Николај Патрушев: Вистината е на наша страна              

НАТО не е одбранбен, туку чисто агресивен офанзивен воен блок, приклучувањето кон него подразбира автоматско префрлување на значителен дел од државниот суверенитет на било која држава на Вашингтон. Доколку воената инфраструктура на алијансата се прошири на територијата на Финска и Шведска, Русија тоа ќе го сфати како директна закана за сопствената безбедност и ќе биде обврзана соодветно да одговори.

Специјалната операција во Украина ја доведе до кулминација конфронтацијата меѓу Русија и западните земји предводени од САД. Битките се водат не само во пространоста на Украина, туку и на економски, политички и културен план.

Со какви закани се соочува Русија и колку долго може да продолжи специјалната операција, интервју со секретарот на Советот за безбедност на Руската Федерација Николај Патрушев.

А:Николај Платонович, САД и другите западни држави отворено ја демонизираат Русија, преминувајќи на директни навреди. Зошто и како е тоа поврзано?

Николај Патрушев: Стилот на Англосаксонците не е променет со векови. И денес  тие продолжуваат да ги диктираат своите услови на светот,  газејќи ги суверените права на државите. Оправдувајќи ги своите постапки со зборови како борба за човекови права, слобода и демократија, тие всушност ја спроведуваат доктрината на „златната милијарда“, што сугерира дека ограничен број луѓе можат да просперираат во овој свет. Судбината на преостанатите луѓе, како што тие веруваат, е да го свиткаат грбот во име на оваа нивна цел.

Со цел да го зголемат богатството и благосостојбата на неколку магнати во Лондон и Њујорк- Wall Street, владите на САД и Обединетото Кралство, контролирани од големиот капитал, создаваат економска криза во светот, осудувајќи милиони луѓе во Африка, Азија и Латинска Америка на гладување, ограничувајќи го нивниот пристап до жито, ѓубрива и енергетски ресурси. Со своите постапки тие предизвикуваат невработеност и миграциска катастрофа во Европа. Незаинтересирани за просперитетот на европските држави, тие прават сè за да ги отстранат од пиедесталот на економски развиени земји. А за безусловна контрола врз овој регион, Европејците ги качија на столче со две нозе наречени НАТО и ЕУ, со презир гледајќи ги како балансираат.

A: Денес се повеќе се зборува дека западните фармацевтски компании се всушност заинтересирани за ширење на опасни болести, со цел секојдневната зависност на човештвото од лекови…

– Некои експерти сметаат дека корона вирусот е направен од страна на луѓе, и не е природна појава. Други сметаат дека вирусот бил создаден во лабораториите на Пентагон со помош на голем број големи мултинационални фармацевтски компании, како и извршители со државна заштита. Во таа државна заштита се вклучени фондовите на Клинтон, Рокфелер, Сорос и Бајден. Наместо да се грижи за здравјето на човештвото, Вашингтон троши милијарди долари за проучување на нови патогени и опасни вируси. Покрај тоа, западната медицина сè повеќе практикува генетски инженеринг, методи на синтетичка биологија, а со тоа ја замаглува границата помеѓу вештачкото и природното.

А:Вашингтон подготвува планови да ја признае Русија како терористичка земја, некои земји како Литванија веќе и официјално доделуваат таков статус на Русија…

– Како што вели народот,кој си ја има мувата на капата. Денес е полесно да се утврди дека огромен број од најголемите меѓународни терористички организации не се појавија без почетна американска помош. САД  ги користат како инструмент за геополитичка конфронтација, вклучително и со нашата држава. Назад во средината на 1980-тите, под контрола на американските разузнавачки служби, Ал Каеда беше создадена на авганистанско тло за да се спротивстави на СССР. Во 1990-тите, САД го создадоа талибанското движење за да влијаат на Авганистан и Централна Азија.

Водени од нивните наводни „национални интереси“,САД со сила на оружје ги соборија “таканаречените” режими во Либија, Ирак и се обидоа да го сторат тоа во Сирија. А главната ударна тупаница и сила во сите случаи се радикалните групи, чие понатамошно обединување доведе до создавање на терористичко чудовиште наречено Исламска држава, потоа Ал Каеда и Талибанците, кои излегоа надвор од контролата на Американците.

Исто така добро ни се познати и одличните пријателски односи на Вашингтон со неонацистичките насилници во Украина.

А:Се уште има многу контроверзии за неонацистите во Украина. На Запад едногласно повторуваат дека ги нема. Претседателот Бајден, барајќи од Конгресот милијарди долари за испорака на оружје за Украина, ја нарекува оваа држава прва линија на борбата за слобода…

– Веројатно е дека Западот нема да ги симне очилата во розова боја додека бруталните украински насилници не почнат да беснеат на нивните улици. Патем, не само во Европа. Сетете се на неодамнешното пукање во американскиот град Бафало. Би сакал да ги прашам Американците која е разликата помеѓу неонацист кој пука луѓе во супермаркет и милитантите од Азов, кои го понижуваа и уништуваа цивилното население во Донбас секој ден, од 2014та година до сега?

А: Што се подразбира под денацификација? Последниве месеци многу се зборуваше за тоа, но овој поим не го разбираат сите.

Сè ќе стане јасно ако се сеќавате на историјата. За време на конференцијата во Потсдам, СССР, САД и Британија потпишаа договор за искоренување на германскиот милитаризам и нацизам.

Денацификацијата значеше низа мерки. Покрај казнувањето на нацистичките криминалци, беа укинати и законите на Третиот Рајх, кои ја легализираа дискриминацијата врз основа на раса, националност, јазик, религија и политички убедувања. Нацистичките и милитаристичките доктрини беа елиминирани од училишното образование.

Нашата држава такви цели постави во 1945 година, а ние ги поставуваме истите цели и сега, ослободувајќи ја Украина од неонацизмот. Меѓутоа, во тоа време со нас беа Англија и САД. Денес, овие земји зазедоа поинаква позиција, поддржувајќи го нацизмот и дејствувајќи агресивно против повеќето земји во светот.

А: Некои од нашите читатели понекогаш изразуваат загриженост, како што пишуваат, за „пролонгирање на времето на специјалната операција во Украина“.

– Не бркаме рокови. Нацизмот или мора 100% да се искорени, или ќе воскресне за неколку години, и тоа во уште погрда форма.

А:Како ги оценувате шансите за успешно завршување на специјалната операција?

– Сите цели поставени од претседателот на Русија ќе бидат исполнети. Не може да биде поинаку, бидејќи вистината, вклучително и историската вистина, е на наша страна. Генералот Скобелев еднаш рече дека само нашата земја може да си дозволи таков луксуз да се бори од чувство на сочувство. Сочувството, правдата, достоинството се моќни обединувачки идеи кои секогаш сме ги ставале и ќе ги ставаме во прв план.

А: Kаква судбина ја чека Украина?  Ќе опстане ли како држава?

– Судбината на Украина ќе ја одредат луѓето што живеат на нејзина територија. Би сакал да ве потсетам дека нашата држава никогаш не ја контролирала судбината на суверените држави. Напротив, им помогнавме да ја одбранат својата државност и сувереност. Ги поддржувавме САД за време на нивната граѓанска војна. На Франција и беше дадена повеќекратна помош. На Виенскиот конгрес во 1815 година Русија не дозволи Франција да биде пониженa, а за време на Првата светска војна двапати е спасуван градот Париз. СССР беше тој што не им дозволи на Британците и Американците во 1945 година да ја поделат Германија на многу држави после Втората светска војна. Добро е познато за одлучувачката улога на Москва за сето ова, на што најмногу се противеа Французите и Британците. Русија одигра подеднакво важна улога во историјата на полската државност. Во исто време, денес Западот на секој можен начин го замаглува придонесот на Русија за зачувување на другите држави.

– Патем, Финска, која сега сака да влезе во НАТО, исто така е формирана како држава во времето на Руската империја?

– Во право си. Покрај тоа, Финска излезе од Втората светска војна со минимална штета, и покрај тоа што учествуваше на страната на Германија, благодарение на позицијата на Москва. Сега, заедно со Шведска, Финска е убедена да влезе во НАТО, наводно заради сопствената безбедност. Турција и Хрватска, се противат, но, мислам дека сепак, Хелсинки и Стокхолм ќе бидат прифатени во блокот, бидејќи така одлучи Вашингтон, а и Брисел кој е под нивна контрола. Волјата на другите народи и држави не е од интерес за раководството на САД, иако, верувам, дека многу од жителите на овие држави разбираат во каква авантура се впуштаат.

НАТО не е одбранбен, туку чисто агресивен офанзивен воен блок, приклучувањето кон него подразбира автоматско префрлување на значителен дел од државниот суверенитет на било која држава на Вашингтон. Доколку воената инфраструктура на алијансата се прошири на територијата на Финска и Шведска, Русија тоа ќе го сфати како директна закана за сопствената безбедност и ќе биде обврзана соодветно да одговори.

А:Членките на НАТО упорно им укажуваат на Финците и Швеѓаните примерот со ситуацијата во Украина…

– Но логиката овде е спротивна. Всушност советите од НАТО до властите во Киев доведе до ова моментално катастрофално сценарио. Ако Украина останеше неутрална и независна, а не контролирана од сегашниот марионетски режим, опседната со идејата за влез во НАТО и ЕУ, веќе одамна ќе ги избркаше сите нацистички зли духови од својата земја. Во меѓувреме, конфликтот што бескрајно тлее во Украина се смета за идеално сценарио на целата НАТО алијанса предводена од САД. На Западот му е потребна Украина како противтежа на Русија, а исто така и како полигон за отстранување на застареното оружје. Со поттикнување на непријателствата, САД пумпаат пари во својот воено-индустриски комплекс, повторно, како и во војните во 20 век, останувајќи на победничката страна. Во исто време, САД ги сметаат жителите на Украина за потрошен материјал, на кој не припаѓа во „златната милијарда“.

А: Зборувајќи за милијарди, Зеленски: Русија мора да плати репарации на Украина…

– Русија е таа што има право да бара репарации од земјите кои ги спонзорираа нацистите во Украина и криминалниот режим во Киев. ДПР и ЛНР треба од нив да бараат отштета за сета материјална штета од 8 години агресија. И самиот украински народ заслужува репарација од главните поттикнувачи на конфликтот, односно САД и Обединетото Кралство, кои ги принудуваат Украинците да се борат, да ги поддржуваат неонацистите, ги снабдуваат со оружје, испраќаат свои воени советници и платеници.

Многу Украинци, за жал, сè уште веруваат во она што им го кажува Западот и режимот во Киев. Отрезнувањето ќе дојде порано или подоцна. Тие допрва треба да ги отворат очите и да видат дека нивната претходна држава всушност не постои, дека генетскиот код на народот, нејзината културна меморија се уништуваат од Западот и се заменети со болни родови концепти и празни либерални вредности.

A: Заборавајќи ја историјата и напуштајќи ги нивните историски културни вредности, очигледно, со такви проблеми не се соочени само Украинците?

 -Па да. Минатата година го посетив Музејот на Големата патриотска војна во Минск. Водичот ги сподели со мене своите впечатоци од посетата на група студенти од САД, кои во текот на целата обиколка се сомневаа дали им ја кажуваат вистината во музејот, бидејќи наивно веруваа дека САД е таа што ја победи нацистичка Германија во Втората светска војна.

За жал, некои училишни наставници кај нас се придржуваат до ваквата лажна верзија на историските настани. Искривени се историските факти. За херојството на советскиот народ за време  Втората светска војна му се посветува многу малку време на часовите по историја, а во учебниците честопати се опишува површно. Како резултат на тоа, мал број средношколци можат да ги именуваат имињата на оние кои ја освоиле Победата во 1945 година по цена на сопствениот живот, а речиси никој не слушнал за хероите од Првата светска војна или за патриотската војна од 1812 година.

A: Што гледате како причина?

– Најпрвин, треба да ја разгледаме обуката на наставниот кадар. Време е да се потсетиме на мислите на Ушински и Макаренко дека наставникот ја обликува личноста на ученикот, а неговата вокација не треба да биде давање услуги, туку просветлување, образование и воспитување. Специјализираните универзитети треба да ги подготвуваат идните наставници како магистри од висока класа, а не да бидат штанцани како листови хартија.

Наставниците заземаат посебно место во животот на секој граѓанин, затоа, неприфатливо е произволното толкување од поединечни учители на светската и националната историја, кое го поткопува авторитетот на нашата земја и ги програмира умовите на децата врз основа на лажни факти и митови. Психолошката манипулација со младите, јазот меѓу генерациите, искривувањето на историската вистина – сето тоа е неспоиво со професионалната професија на учител.

А: Се сеќавам на фразата што му се припишува на Ото фон Бизмарк дека „битките ги добиваат учителите“.

– Според мене, таа фраза/идеја е вистинита. Особено во услови на хибридна војна, која сега е насочена против Русија. И во него наставниците се во првите редови. Потребна е лична одговорност на раководителите на образовните институции, чии дипломци немале предмети за херојството на советскиот народ за време на Големата патриотска војна, или имаат нејасна претстава за подвизите на оние што се бореле за татковината.

Невозможно е да се туркаат прашањата за патриотско образование на младите во ненаставни активности. Во извештаите сето ова е убаво опишано, но резултат нема. Во некои училишта, вклучително и приватните училишта, зборот „патриотизам“ се смета за застарен.

A: Како предлагате да се промени оваа ситуација?

– Неопходно е да се подигне авторитетот на наставниците кои се верни на својата професија, посветувајќи го својот живот на воспитување на вистински патриоти. Најважната задача денес е заживување на историските традиции, како и заштита на традиционалните руски духовни и морални вредности. За да се реши, потребен е систематски пристап кон воспитувањето и образованието. Потребна е имплементација на државната програма во оваа област во сите фази на созревањето на човекот и неговото формирање како граѓанин. Треба да се развие сеопфатен модел на овој процес.

Во моментов, нашите студенти и наставници се всушност истиснати од западната научна и образовна сфера. Сметам дека е препорачливо да се напушти таканаречениот систем на образование на Болоњскиот процес и да се вратиме на искуството на најдобриот домашен образовен модел во светот.

Дополнително, неопходно е да се обезбеди значително зголемување на државната помош за создавање на литературни и уметнички дела, филм и телевизиски програми насочени кон зачувување на историската меморија, влевање гордост во нашата земја и формирање зрело граѓанско општество, јасно свесно за одговорноста за неговиот развој и просперитет.

Само така ќе можеме успешно да се спротивставиме на заканите и предизвиците што ги создава колективниот Запад за да влијае на индивидуалната, групната и јавната свест.

https://aif.ru/politics/world/pravda_na_nashey_storone_nikolay_patrushev_o_srokah_specoperacii