Евроазија

Конфликтот во Украина го означува крајот на ерата на доминација на западната моќ

Стариот униполарен поредок предводен од САД мора да заврши токму затоа што веќе не е прифатлив за другиот дел од човештвото.

Тековниот воен конфликт во Украина е настан од огромно историско значење. Тој означува прекин со минатото и почеток на нова геополитичка реалност која ќе донесе напредок во меѓународните односи кон поголем економски развој, правда и мир.

Затоа воениот конфликт во Украина не е само тесен конфликт меѓу Украина и Русија. Тоа е само надворешна манифестација на поголемата конфронтација помеѓу, од една страна, западниот поредок предводен од САД и, од друга, нациите како Русија, Кина и другите кои одбиваат да прифатат подредена улога.

Сигурен показател за поголемата димензија е начинот на кој САД, НАТО и европските сојузници брзо наметнаа целосна хибридна војна против Русија, во обид да ја уништат нејзината економија. Западните тврдења за „одбрана на демократијата, суверенитетот и меѓународното право“ се проѕирни и лажни бидејќи тоа не се прави со испраќање оружје на репресивен, корумпиран режим чија војска е наполнета со нацистички полкови.

Но, САД и нејзините западни сојузници го користат конфликтот – кој Русија упорно се обиде да го избегне со разумни апели за безбедносни договори со НАТО – како можност да ја скршат Русија. И не се работи само за уништување на Русија. Станува збор за рушење на секој предизвик за западниот поредок. Тоа неизбежно вклучува конфронтација со Кина и другите кои се обидуваат да му пркосат на „вашингтонскиот консензус“.

Драконската цензура врз руските меѓународни медиуми и блокадата на руската економија укажуваат на целосна платформа на непријателства од страна на западните сили која е претходно подготвена. Руската интервенција во Украина на 24 февруари – заснована на веродостојни принципи на самоодбрана – обезбеди лансирно поле за скриеното непријателство на Западот. Но, ова непријателство не е само кон Русија. Тоа е насочено кон соочување со појавата на мултиполарен светски поредок кој е надвор од контрола на доминацијата предводена од САД. Таа доминација – или хегемонија – се заснова на американската контрола на глобалниот финансиски систем, како и на бруталната американска воена моќ, потпомогната од нејзините придружници во НАТО.

Непосредната загриженост на Русија за Украина се засноваше на зголемената закана што оваа западна соседна земја ја поседуваше со нејзината предавничка вмешаност во НАТО и неприфатливите напади од страна на режимот во Киев што ги нанесуваше врз населението кое зборуваше руски во регионот на Донбас во последните речиси осум години. Но, бранејќи ги тие национални интереси, руската воена интервенција во Украина го предизвика и целиот систем на западниот поредок во кој доминираат САД.

Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров го забележа овој развој за крајот на ерата. Тој за руските медиуми изјави: „Нашата специјална воена операција има за цел да стави крај на неограничените проширувања и неограничениот курс кон целосна доминација меѓународната сцена на САД и другите западни држави кои им се ним потчинети“.

Вреди да се разгледа неговото размислување зашто дволичноста и лицемерието на западните сили станаа неподносливи и зашто таквата униполарна ароганција го уништуваше и го уништува меѓународниот поредок.

Лавров со иронија коментира: „Може да се признае независноста на Косово без референдум, но невозможно е да се признае независноста на Крим, прогласена по референдум набљудуван од стотици објективни странски претставници. САД си замислија закана за нивната национална безбедност илјадници километри подалеку во Ирак, но кога го бомбардираа и не најдоа никаква закана таму, дури и не се извинија. А кога неонацистите и ултрарадикалите се множат токму на нашите граници, се создаваат десетици биолошки лаборатории под надзор на Пентагон, кои вршат некои експерименти што имаат за цел прво и основно да развијат биолошко оружје – откриените документи не оставаат простор за сомнеж – тогаш нам не ни е дозволено да реагираме на оваа закана, токму на нашите граници, а не надвор преку океанот“.

Она што Русија го направи со својата воена операција во Украина по нејзини, независно проценети услови, е сигнализирање дека претпоставената доминација на Соединетите Држави и нивните западни сојузници е завршена.

Постсоветската ера од последните 30 години заврши. Русија повеќе не е заинтересирана за интегрирање во западноцентричен глобален поредок, како што пишува  Фјодор Лукјанов во напис за Русија во Глобал Аферс. Русија сега избира „друг пат“.

Тој пат значи целосно прифаќање на мултиполарниот свет каков што е најавен од Евроазиската Економска Интеграција и стратешкото партнерство со Кина, Индија и други. Огромните природни ресурси на Русија, првенствено во сферата на енергетиката, ќе бидат насочени кон евроазискиот развој и со тоа ќе стекнат голема награда. На западните економии им е потребна Русија повеќе отколку што неа и се тие потребни, како што истакна рускиот претседател Владимир Путин.

Транзицијата кон нов глобален поредок ќе потрае и ќе вклучи привремени дислокации. Ќе биде потребно време да се изгради потребната инфраструктура на гасоводи и нафтоводи на пример. Но, целокупната траекторија е остварлива и витална, и веќе е во тек.

Длабоката историска важност на глобалните тектонски поместувања е видлива и од ставовите на рускиот економист Сергеј Глазјев, кој со години работи во официјално својство за Евроазиската Економска Унија (ЕАЕУ) на деталите за еволуцијата и имплементацијата на новиот финансиски глобален поредок што го заменува системот заснован на американски долари. Новиот поредок го развиваат Русија, Кина и други со експлицитна цел да станат независни од доминацијата на САД и западниот должнички и валутен империјализам.

Она што се случува во Украина е навистина завршување на оваа епоха. Војната и страдањето се одвратни. Но, системот под доминација на Западот не и остави на Русија друг избор освен да употреби физичка сила за да ги брани своите витални интереси. Сега кога се случи прекинот, се има чувство дека Рубиконот е преминат. Нема враќање назад. Одговорот на Западот беше самоуништувачки. Нејзината хибридна војна против Русија ја катализира пропаста на САД и западната глобална доминација. Нивната политизирана злоупотреба на системот на доларот фатално го оштети тој систем и предвидува забрзување кон подобра, глобално подемократска алтернатива.

Веројатно, временската рамка на овој глобален процес оди подалеку од трите постсоветски децении или ерата по Златниот стандард што заврши во 1971 година, кога САД му ставија крај со цел надмоќ на доларот. Оди многу поназад дури и пред осумте децении од Втората светска војна. Се однесува на изминатите 500 години на Западна Европа и нејзините колонијални сили, кои во последно време се соочија со хегемонијата на Соединетите Држави и нејзината криминална воинствено талкачка страст.

Нема гаранција за исходот. Но, доволно е да се каже дека стариот поредок предводен од САД мора да заврши, и ќе замине токму затоа што веќе не е прифатлив за другиот дел од човештвото.

strategic-culture.org