Вести

Коментар од Амбасадорот на Русија во Македонија Дмитриј Зиков за руската новинска агенција ТАСС во врска со пристапувањето на Скопје кон „коалицијата на волонтерите“

Коментар од Амбасадорот на Русија во Македонија Дмитриј Зиков за руската новинска агенција ТАСС во врска со пристапувањето на Скопје кон „коалицијата на волонтерите“ (20 јули 2026 година)

•На 13 јули во Париз се одржа состанокот на „коалицијата на волонтерите“, за време на кој на овој отворено антируски проект се приклучија властите на Северна Македонија. Овој потег, генерално, природно се вклопува во официјалната линија на Скопје во последните години. Сепак, овој факт е разочарувачки. Она што се случи на 13 јули, благо речено, во никој случај не може да се нарече „пријателски“ потег.

•Од мала количина вести за оваа тема би можел да се доби впечаток дека посетата била повеќе за учество во прославите на Националниот празник на Франција. Сепак, овој впечаток е погрешен. Северна Македонија ги презеде многу сериозни антируски обврски.

•Нашата страна постојано нагласуваше дека распоредувањето на воени контингенти од „коалицијата на волонтерите“ во Украина е неприфатливо, бидејќи тоа ќе се смета за странска интервенција, а овие единици ќе станат легитимни воени цели.

•Нашата земја е отворена за дипломатско решавање на кризата, што вклучува елиминирање на нејзините коренски причини. Пристапувањето на Северна Македонија кон „коалицијата на волонтерите“ не придонесува за мировните напори, без разлика колку основачите на овој антируски „клуб“ би сакале да ги убедат сите во спротивното.

•Можеме да бидеме сигурни дека учеството во ескалирањето на тензиите во Европа апсолутно не им одговара на националните интереси на Северна Македонија. Освен тоа, мнозинството граѓани имаат позитивен став кон Русија и го сметаат нашиот народ за близок. Очигледен економскиот товар од финансирањето на воените операции од страна на украинските вооружени сили, кои не се запират пред да извршат терористички напади врз цивилното население на Русија, како што беше ужасниот удар врз колеџот во Старобељск.

•Очигледно е дека единствените што имаат корист од ова се креаторите на оваа „иницијатива“. Јасно е дека се продолжува практиката на „принуда“ која се користи врз балканските држави од страна на „колективниот Запад“ за цел остварување на своите себични интереси. Лидерите на „европската партија за војна“ се заинтересирани да ја демонстрираат наводно широка поддршка за киевскиот режим на сметка на нови други држави.

•Уште еднаш ја нагласуваме отвореноста на Русија за конструктивна кооперација со сите заинтересирани страни врз основа на меѓусебно почитување и заедничко разгледување на интересите, во услови на откажување од антируски дејствија, вклучително и со Северна Македонија. Уверени сме дека јавноста во оваа земја ја разбира деструктивноста на агресивното ескалирање на тензиите во Европа од страна на Западот и дека локалните граѓани имаат избалансиран став за односите меѓу нашите блиски народи.

Целиот текст на коментарот: https://skopje.mid.ru/…/komentar_od_ambasadorot_na…/