Геополитика

“Дипломатија” со наредби и закани. Се’ е политички “сиво” во САД – исто е и од десно и од лево

Откако американскиот Претставнички дом го усвои предлог-законот за санкции против Русија, сенаторот од Демократската партија Блументал упати закани до Путин, Си Ѓинпинг и Моди.

На Владимир Путин му се закани “го имаме твојот број”. (?!)
Ричард Блументал упати остра опомена до Кина и Индија во врска со нивните енергетски врски со Русија, порачувајќи им „да се поправат“ и да купуваат нафта и гас од други извори.

Сенаторот исто така тврди дека руската економија „тешко се справува“ со притисокот. Неговите изјави доаѓаат во време на постојани тензии поврзани со руската војна во Украина, трговијата со енергенси, санкциите и пошироката геополитичка конфронтација во која се вклучени САД, Кина и Индија.