АнализаГеополитика

НОВА ГЕОПОЛИТИЧКА ИГРА НА ЗАПАДОТ ВО СРБИЈА И НА БАЛКАНОТ

Емилија Гелева
Првата посета на Србија на Володимир Зеленски во улога на претседател на Украина очигледно е аранжман направен во западните центри на моќ, како дел од сценариото за целосно ставање на Србија под глобалистичка доминација. Имено, српскиот претседател Александар Вучиќ правдајќи ја својата средба со Зеленски во Белград, како најважно ја истакнува изјавата на неговиот гостин дека Украина ја подржува целовитоста на Србија заедно со Косово и Метохија. Вучиќ тоа го фаворизира како голем успех на неговата “светска” политика. Но, тоа не е никаков аргумент бидејќи Зеленски има свои причини да не ја подржува независноста на Косово поради тоа што Русија ги ослободи источните делови на Украина од нацистичките зулуми, кои и формално преку референдуми се отцепија од Украина. Исто така, ако некој цело време ја поддржувал Србија во однос на Косово, тоа е на прво место Русија и затоа е чудно зошто Вучиќ ја смета за многу важна поддршката од Зеленски.
Плус, Зеленски ги слуша пред се’ своите Западни шефови во Вашингтон, Брисел и Лондон, и затоа оваа негова изјава, всушност, го открива нивниот следен чекор не само за целосно преземање на Србија, туку и за создавање тензии во регионот на Балканот.

Оваа валкана игричка на Вучиќ само го бетонира неговиот пораз на претстојните избори во Србија, иако тој се надева дека Западот ќе му го овозможи останувањето на власт. Оној Запад кој со студентските протести веќе неколку години се обидува да го тргне од власт и кој има намера да инсталира за иден претседател свој сигурен човек.

Вучиќ само си го “потпиша” својот пораз, ставајќи ја притоа Србија како “мета за отстрел”, со најавата дека во средината на септември во Србија ќе се отвори фабрика за производство на дронови во соработка со Израел. Тие “производи” сосема веројатно би завршиле во Украина, за потоа со нив да се напаѓаат цели во Русија. Ставот на Русија е јасен дека сите производители на оружје кое се користи за напаѓање на цели во Русија се легитимна мета за напад.

Србите, соред реакциите во јавноста, нема да му го простат овој потег на Вучиќ. Така неговите западни “пријатели” најпосле легитимно на избори ќе го тргнат од власт Александар Вучиќ.