Ако на сајтот на Целосно собрание на законите на Руската империја, https://nlr.ru/e-res/law_r/search.php во полето за Собрание изберете 1649-1825, во Номер закона внесете: 9921, и потоа во полето Страница: 571, на дното на страницата што ќе се отвори може да се прочита: „…православные народы Сербскій, Македонскій, Болгарскій и Вологскій…“
Указот бр. 9921 од 1752 година претставува официјален руски државен документ во кој Македонците се споменуваат како посебен православен народ, различен од Србите, Бугарите и Власите.
Во официјалниот руски државен документ бр. 9921 од 1752 година постои јасно сведоштво дека се употребувал етнонимот „македонски народ“, при што Македонците биле наведени како посебен православен народ покрај Србите, Бугарите и Власите (т.е. Романците).
Овој документ е силен аргумент против политичката теза дека терминот „Македонци“ е вештачки создаден во 1944 г. Тој цврсто докажува дека тоа име било живо, препознатливо и официјално администрирано во највисоките државни институции на една светска империја уште во средината на 18-от век, односно претставува уште еден доказ за континуитетот на македонското име, кој потврдува дека македонскиот идентитет не паднал од небо во 20-от век, туку имал свој природен, вековен развоен пат.

Официјален руски државен документ од 1752 година во кој се споменуваат Македонците како посебен православен народ https://t.co/9NIwxMjRj7
— Македонски Геополитички Институт (@Magei_mk) June 26, 2026

