Анализите, зависно од каде доаѓаат, се фокусираа главно на тоа кој што добил, кој е победник а кој ја загубил војната – дали Иран или САД. Но, вистински победник во војната не се ниту САД, ниту Иран, туку Британија. Постигнувањето релативно брз договор за мир меѓу САД и Иран за Британија беше императив. Само така тие можат да ја продолжат војната против Русија се’ до постигнување на нивниот вековен сон и цел – уништување на Русија и на сите Славјани.
Емилија Гелева
Откако се покажа дека Иран има одлична организираност и воена моќ и дека не може да биде поразен, Лондон брзо реши да ја стават “библиската” пресметка на Израел со Иран на стенд бај, за подобри времиња. И да можат дa се посветат со сите сили на војната против Русија, за која создаваат медиумска претстава дека само што не ја загубила војната во Украина.

Накратко, да ги видиме оценките за договорот за прекин на војната САД-Иран во реномирани весници и експерти од Америка и Англија, и што велат експертите во Иран и Блискиот Исток за оваа војна.
„Скај њуз“, кој е исклучително влијателен и популарен медиум во Англија, и нивниот воен експерт, професор Мајкл Кларк, оценија дека САД ја загуби војната. Потоа американскиот Атлантик, кој е еден од три до четири од највлијателните популарни и веродостојни медиуми во светот, го наслови крајот на Трамп како предавање. За нив начинот на кој Трамп ја заврши војната со Иран е всушност предавање.
Дополнително, за професорот Џефри Сакс, реномиран професор на Универзитетот Колумбија кој редовно зборува за геополитика, тоа е тотално понижувачка ситуација за Америка, Иран навистина ја понижи Америка, смета Сакс. И најинтересно, професорот Маранди кој е професор на Универзитетот во Техеран во емисијата на Даниел Дејвис, поранешен американски полковник, рече дека тоа е катастрофа за Соединетите Држави. Тоа значи дека Америка е навистина уништена.
Да потсетиме кога започна војната на 28 февруари, Доналд Трамп излезе во медиумите и рече дека нема договор освен ако Иран целосно не се предаде. На крајот, сепак Доналд Трамп упорно бараше од Иран да се случи договорот.
Во деталната анализа на Ал Арабија се открива суштинска промена во рамнотежата на моќта на Блискиот Исток. Кога ќе се отстрани дипломатскиот речник, јасно е дека договорот, со оглед на првичните воени цели на Вашингтон и Тел Авив, претставува огромен геополитички и финансиски триумф за Иран и сериозен пораз на израелската стратегија, се заклучува во текстот.
Се нагласува дека Иран излегува од овој конфликт како апсолутен победник бидејќи го преживеа обидот за промена на режимот и ги обезбеди условите што неуспешно ги бараше со децении. Клучна добивка за Техеран е точката што ги обврзува Соединетите Американски Држави и регионалните партнери да создадат сеопфатен план за економска реконструкција на Иран, со обезбедено финансирање од најмалку 300 милијарди долари. Покрај оваа фактичка воена отштета, на Иран веднаш, и пред потпишувањето на конечниот договор, му се одмрзнуваат сите финансиски ресурси во странство во износ од 240 милијарди долари, а Министерството за финансии на САД издава итни дозволи за непречен извоз на сирова нафта и петрохемиски производи.
Техеран целосно ја зачува својата нуклеарна програма. Текстот само декларативно повторува дека Иран нема да произведува нуклеарно оружје, (што Иран и порано го зборуваше), додека судбината на збогатениот ураниум е одложена за идните преговори. Дотогаш се одржува статус кво, што значи дека Иран ја задржува целата постоечка нуклеарна инфраструктура и материјали.
Покрај тоа, договорот ги обврзува Соединетите Американски Држави на целосно укинување на сите примарни и секундарни еднострани санкции, како и на бришење на рестриктивните резолуции на Советот за безбедност на ООН и Меѓународната агенција за атомска енергија (ИАЕА).
Делот од договорот поврзан со деблокирањето на клучните морски патишта е особено важен. Според петтата точка од документот, Техеран се обврзал да ги превземе сите потребни чекори во рок од 30 дена, вклучително и отстранување на техничките пречки и неутрализирање на морските мини, со цел да се врати сообраќајот на трговските бродови од Персискиот Залив до Оманско Море на нивоата од пред војната. Значи, теснецот Хормуз ќе се отвори, но ќе остане под контрола на Иран.
На воен план, Иран успеа да ја избрка американската војска од својот двор. Вашингтон се обврзува дека ќе ги повлече сите свои сили од околните области во рок од 30 дена од потпишувањето на конечниот договор.
Договорот директно ги спасува и регионалните сојузници на Иран, првенствено либанската исламистичка група Хезболах, бидејќи првата точка експлицитно нагласува дека прекинот на непријателствата ја вклучува и територијата на Либан. Во пракса, ова значи принудно прекинување на сите израелски копнени и воздушни операции во таа област и обврска за почитување на суверенитетот и територијалниот интегритет на сите потписници и нивните сојузници.
Од друга страна, Израел и неговиот премиер Бенјамин Нетанјаху се најголемите губитници од овој договор. Израел не е споменат по име во целиот документ, туку е сведен на општата формулација на американски „сојузници во сегашната војна“.
Конечниот договор, според договорените 12 точки, ќе мора да се дефинира во рок од максимум 60 дена, а ќе биде потврден со обврзувачка резолуција на Советот за безбедност на ОН. Додека се чека официјалната церемонија, текстот објавен од Ал Арабија јасно дава на знаење дека Америка ја задржува својата воена моќ, но го губи статусот на неоспорен хегемон на Блискиот Исток. Иран излегува од оваа војна со тешки човечки и инфраструктурни рани, но со признат статус на регионална суперсила со која Вашингтон од сега па натаму мора да преговара под рамноправни услови.
Но, ниту една анализа не се сети на таканареченото “историско” обраќање на британскиот Крал Чарлс на заедничкиот состанок на Конгресот на САД во Капитолот во Вашингтон, на 28 април 2026 година. Тој во говорот, по повод 250- годишнината од Декларацијата за независност, го поздрави „специјалниот однос“ на САД и Британија и нагласи дека предизвиците со кои се соочуваат двата народа се премногу големи за да се носат сами. Клучни моменти од обраќањето: Кралот ја истакна длабоката, споделена историја на двата народа, од нивното потекло во спорот до заедничките правни основи како што се Магна Карта и Англиската повелба за правата, нагласувајќи ја историската важност на Магна Карта во споделувањето на идеалите за владеење на правото, ригорозни проверки и рамнотежа и демократска отпорност.. Кралот Чарлс хумористично го спомена историското „несогласување“ од 1776 година, шегувајќи се: „Се осмелувам да кажам дека, да не бевме ние, ќе зборувавте француски…!“

За глобалната безбедност: Тој силно се заложи за континуирано единство на НАТО и повика на “непопустлива поддршка” во одбраната на Украина. Истакна дека Велика Британија се обврзала на најголемото одржливо зголемување на трошоците за одбрана од Студената војна. Економски и климатски партнерства: Тој го нагласи огромниот обем на соработката меѓу Велика Британија и САД, трговијата и инвестициите, а воедно повика на континуирани заеднички напори во новите технологии (како вештачката интелигенција и квантното пресметување) и итната потреба за заштита на животната средина.
Кралот Чарлс во својот говор ја спомна Украина заложувајќи се за “непопустлива поддршка” за нејзина одбрана, но не го спомена директно Иран за време на неговиот историски говор пред американскиот Конгрес. Иако неговата државна посета се случи за време на период на висока геополитичка тензија во врска со конфликтот во Иран, кралот строго го задржа дипломатскиот протокол: само широки референци, наместо да го спомене Иран по име, кралот направи само широка алузија на геополитичката клима, истакнувајќи дека нациите се среќаваат во време на „голема неизвесност и конфликт“ што се протега од Европа до Блискиот Исток. Додека кралот го држеше Иран подалеку од својот говор, претседателот Доналд Трамп предизвика медиумско внимание подоцна истата вечер на државната вечера во Белата куќа. Трамп јавно тврдеше дека кралот Чарлс „се согласува со мене дури и повеќе отколку јас“ за тоа дека Иран никогаш не смее да поседува нуклеарно оружје. Верен на уставниот протокол, кралот Чарлс не ги коментираше ниту ги потврди забелешките на Трамп за време на сопствената здравица пред вечерата. Бакингемската палата подоцна ја смири ситуацијата со разјаснување дека Велика Британија генерално го поддржува неширењето на нуклеарно оружје, (кое патем кажано може да се произведе со збогатен урамиум).
Но, тоа очигледно не се однесува на Украина на која Велика Британија планира да и’ обезбеди залихи на збогатен ураниум за Украина во следните две години со цел да се одржело стабилното работење на нуклеарните централи во земјата. (без обврски за присуство на Меѓународната агенција за контрола на збогатеениот ураниум и без украинска обврска дека нема да произведе нуклеарна бомба). Патем кажано токму со збогатен ураниум може да се произведе произведе нуклеарна бомба.

Оваа одлука беше објавена на 15 јуни од канцеларијата на досегашниот британски премиер Кир Стармер, откако Зеленски на 7 јуни во Лондон, (додека ја напаѓаше Русија со дронови) го потпишал договорот за добивање на збогатен ураниум во вкупна вредност од 280 милиони долари. најавувајќи нов пакет за поддршка наменет за украинскиот енергетски сектор. Според соопштението на британската влада, поддршката ќе се спроведе преку програмата за извозни кредити на UK Export Finance. Средствата ќе ѝ овозможат на британската компанија Urenco да испорача збогатен ураниум на украинската државна компанија Energoatom во текот на следните две години. Целта на програмата била да се обезбеди непречено работење на украинските нуклеарни централи во период на зголемена неизвесност во енергетскиот сектор, се тврди во соопштението.
Така, “со кралски манир во ракавици” на американската јавност и беше соопштено што бившата британска колонија треба да прави во врска со војната со Иран, како и со НАТО и Украина. Трамп уште утредента почна со театарот дека ќе го избрише Иран како цивилизација доколку не се согласи на прекин на војната и по секоја цена стигна до договор, извршувајќи ја “препораката” на кралот. Во тоа помогна Пакистан, како долгогодишен вазал на Британија. Останува да се види дали со овој договор Иран ќе остане на своите цврсти позиции на одбрана на суверенитетот и традицијата на Иран или и тој ќе се претвори во англосаксонски вазал.
А Британија не само што почна со снабдување на Украина со збогатен ураниум, туку и со дронови за интензивно разгорување на нападите врз руската територија.
Кој победи во војната на САД и Израел со Иран и зошто набрзина се постигна договорот за прекин на војната? https://t.co/AJEtzeJuQr
— Македонски Геополитички Институт (@Magei_mk) June 24, 2026





