„Освен енергијата и нафтата и гасот, имаме високо развиена соработка со Кина во нуклеарната енергија, другите напредни технологии, вселената и многу други области“, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на Форумот за дипломатија во Анталија. „Затоа не гледам никаков вид еднострана зависност тука.“
Негови други изјави:
– Односите Москва-Пекинг се „подлабоки и посигурни“ од старите воени сојузи
– Остануваат сериозни несогласувања со сегашната американска влада околу санкциите и билатералните прашања
– Една од целите на американската војна против Иран беше да се контролира протокот на нафта низ Ормутскиот теснец
– НАТО не е во добра состојба
– Се дискутира за нов европски воен блок, веројатно вклучувајќи ја и Украина
– Лавров предупреди дека нацистичката идеологија повторно се појавува во Германија и Финска
– Русија не одбива преговори со Украина и ќе разгледа секое барање за разговори
Рускиот МНР Лавров: Руско-кинеските врски се подлабоки од воените сојузи https://t.co/JXD4KDpFtX
— Македонски Геополитички Институт (@Magei_mk) April 20, 2026

