Емилија Гелева
Трамп, по првите напади врз Иран се пофали дека уште првиот ден се убиени 48 највисоки ирански политички личности. Почнувајќи од врховниот духовен водач Ајатолахот Али Хамнеи, министерот за војска, водачот на Иранската национална гарда, итн. Се’ уште не сум видела целосна листа на убиените ирански функционери. Толку демек биле ама ептен способни израелските служби. Феноменална акција многу слична на онаа уште пофеноменално договорената во Венецуела.
Ама, овде има едно големо АМА.
Изгледа, всушност се работи за длабока и древна персиска мудрост, за што плиткоумните Западњаци немаат анти.дот. Изгледа сепак се работи за сега апсолутно заштитена иранска влада во сенка која многу вешто ја раководи ситуацијата, оти никој не е побезбеден и позаштитен од ‘мртов’ човек.

Плус, гневот на народот е на највисока можна точка, исто како и рејтингот на ‘мртвите’ функционери, кои се прогласени за маченици. Плус, Иран допрва ќе ги напаѓа Израел и американските бази во регионот, како и американските бродови, и ќе го држи затворен теснецот Ормуз.
Едновремено, на шоуменот Трамп и на израелските пиуни како квасец ќе им расте егоманијата и суетата за нивните феноменални акции и успеси што ги нема дури ни во најлудиот холивудски филм. Подмирени се дури и во Гооолема Британија оти Стармер изјави дека британските сили за против воздушна одбрана стационирани во Ирак им помагаат на Американците и Израелците во попречување на иранските ракети што летаат кон Израел и кон американските бази. Итн.итн., Стармер ќе праќал и стручњаци од Украина против иранските дронови, и ќе им ги дал на услуга американските бази во Британија за потребите на американските воени операции во Иран…
И се’ тоа против држава чии 48 политички водачи се убиени во првите часови од нападот врз Иран и која и покрај тоа, за чудо, сосема подготвено и жестоко одговара. Изгледа нема ништо помоќно од ‘мртва, злосторнички убиена власт’.

