Емилија Гелева
Путин и Трамп
Рускиот претседател Владимир Путин е посебен ков на човек и политичар. Секогаш води сметка на искрените и честити луѓе да не им се наштети било како, ниту непотребно да им се “комплицира животот”. Затоа и му помогна на Сноуден со јавно објаснување “тоа е млад човек кој непотребно (за самиот него) си го искомлицира животот”. Затоа и СВО траеше толку долго. Имено, Путин на самиот почеток на СВО рече дека не сакаат цивилни жртви и дека цели на воените дејствија ќе биде исклучиво воена инфраструктура.
Путин не ветува тоа што нема да направи и со него секогаш знаете на што сте. Освен кога некој сака да го измами или да и’ наштети на Русија.
Американскиот претседател Трамп, исто така, е јак ков на човек, а се чини дека во овој мандат ќе се потврди и како таков политичар. На тие што немаат намера да го мамат им возвраќа со фер плеј. И говори за мир што сака да владее во светот, без трагични воени жртви. Повторува дека на светот ќе му донесе мир и љубов.
Значи, се работи за двајца зрели и мудри мажи и политичари, кои иако на прв поглед не изгледа така, всушност имаат ист сензибилитет и иста висока свесност дека човештвото може да се сочува само со соработка, договор и взаемно разбирање и почитување. И така ќе биде.
Тука бриселските лево глобалистички политичарчиња, колку и да се обидуваат, не можат ништо да направат. Тие, всушност со своите празни глобалистички глави ја урнисаа нивната ЕУ до длабоко дно и се целосно инфериорни. А дури и со доаѓање на нови лидери суверенисти, ЕУ никогаш нема да може да изнедри светски лидери од типот на Путин и Трамп. Периферијата наречена Обединето Кралство веќе е неважно да се споменува, иако и натаму ќе мешетари.
И конечно, за нашиве големи “стратези”, кои мислат дека се многу итри па жонглираат де со Трамп, де со европските леви глобалисти, та дури и со наци Украина на Зеленски. Така еден ден се коспонзори на текстот на САД за војната во Украина, а не губеа ден да не изразат поддршка на нацистот Зеленски.
Доволно е од таквата проѕирна “дипломатија”. ЕУ е губитничка варијанта и тоа веќе и на врапците им е јасно. Нема “европски пат”, и таа илузија наскоро сосема ќе биде разобличена.
Македонија во ова “ново време” заслужува силни и сигурни водачи!

