Македонија

ВИСТИНАТА Е ОТКРИЕНА: Двеилјадигодишните манипулации и лаги на Матриксот се разобличени: САРКОВ РИД (на кој е Геоглифот во Македонија) и САРКА-Светлата, Прва Божја Раса

ЕМИЛИЈА ГЕЛЕВА

Сарков Рид е возвишението, тумбата на која е Геоглифот во вид на буквата М во месноста Канда кај Свети Николе, Македонија. САРКА или СВЕТЛА е ПРВАТА БОЖЈА РАСА пројавена на планетата Земја, велат источните скриени записи, ведскиот санскрит јазик и теозофите. Поврзаноста на Плеада со Геоглифот кај локалитетот Канда кај Св. Николе, Република Македонија е повеќе од важна и поради тоа систематски таена илјадници години. Имено, ритчето на кое е исцртана стрелката на геоглифот со форма на буквата М, локалното население од памтивека го нарекува Сарков рид, но не знае што точно значи зборот ‘Сарков’. Тоа, за среќа го објаснуваат најстарите ведски записи кои и ден денес се чуваат во тајните одаи на тибетанските манастири, а се однесени од древните предци нa Македонците предводени од Ману  при првата дамнешна голема миграција на Исток пред околу 14.000 години. Тие знаења кажуваат дека  Првата раса Сарка – Светла раса се пројавила на Земјата преку блаженото зрачењетокму од Плеада.

Оттука, сосема е разбирливо зошто ритчето на кој е испишан геоглифот се нарекува Сарков рид. Сарков значи Светол Рид, зашто тука се пројавила Првата – Сарка, Светла Раса на планетата Земја. Затоа, аглите на геоглифот на Сарков рид се идентични со оние на соѕвездието Плеада, како што измери шкотскиот археоастрономски истражувач Дејвид Кунингам за што пишувавме во претходното поглавје, бидејќи така Сарка Расата оставила белег, писание од каде се пројавила.

По ова е појасно зошто групата ѕвезди Плеади, Квачка, Кртика или Картика (последните две се името на соѕвездието на јазикот Санскрит и во знаењето Веда), е толку значајно соѕвездие и зошто Плеада се смета за  централна група на системот на ѕвездената симболика. Sвезденото јато Плеада е сместено до вратот на соѕвездието Бик или Волови според македонската народна небесна карта. Германскиот астроном Медлер (Мадлер) и други астрономи ја сметаат Плеада за средишна група на системот на Млечниот Пат т.е на нашата Галаксија како дел од Универзумот. Теозофите и источниот езотеризам ја сметаат за ѕвездена група од чие блажено зрачење наречено ма’кхада според еврејски пророци во стариот завет, или фотонски вибрациски појас, е родена првата пројавена страна на земјата а тоа е Сарка. Хелена Блаватска вели дека групата ѕвезди Плеада, Квaчка, на Санскрит – Кртика или Картика и во астрономијата се смета за средишна точка околу која се врти нашиот Универзум –‘ѕвезда’ неподвижничка, фокус од кој и во кој божествениот здив, Движење, непрекинато делува во тек на една Манвантара што всушност е МАНУ-антара – циклус, космички период на Ману -создаделот на Светлата Раса.(ТД т.II) Затоа, името на нашиот Создател е поврзано со Светлина – Пеон, а првиот создател на Светлите народи е Ману.

Знаејќи за ова станува јасно зошто стилизацијата на цветот пеон, божур или лотус, во форма на јајце или бадем од двете страни обвиен со нагоре нежно извиени листови, е древно македонски симбол за постанокот, а самиот збор пеон значи Светлина, име на Бог и воедно име на цветот лотус, божур. Македонскиот збор пеон во своето име и ден денес сведочи и го има остатокот од таа огромна цивилизација на Сарка -првата, Светла раса. Светлиот народ според најстарите записи сар (сир – сириште, најсветло, првично) или СарКа што на Санскрит значи Светол Бог, не бадијала во македонскиот јазик се уште постои како с(в)арка, сирка – првото, најсветлото што се издвојува од млекото.

Во санскрит речникот ‘Сарка’ означува име на Браман, креатор, создател кој управува со создавањето на животот.

Мадам Хелена Блаватска  во нејзината „Тајна Доктрина“ за Светлата, пред се’, но и за Темната раса пишува: “Сарку (вавилонски, калдејски изговор) или Светла Раса низ долг период останала чиста. А расата која влегла во размножување била Темна Раса (Zalmat-Gaguadi), како што тие ја нарекуваат Адами или Темна раса.“ (ТД том2)

Еве што за тоа пишува во Теозофскиот Речник: „Сарку (вавилонски, калдејски изговор), (Сарка во Санскрит(з.м.)), е Светла Раса; во вавилонските легенди е името на првата раса. Додека Темната Раса била првата што паднала во размножување или смртност, светлата раса останала одвоена долго време – оттука се сметала за раса на богови. Темната раса Европејците ја нарекоа и Адамска раса, Адами која беше расата што се појави во времето на „Падот на човекот“ . . .“ (ТР)

Залмат-Гагуади, Залмат-Какади (на вавилонски) е Темна раса; во вавилонската легенда една од двете први раси, претставена како прва што паднала во смртност и затоа во размножување. Тоа е „адамската раса, една од двете главни раси што постоеле во времето на „Падот на човекот“. . .“ (ТР).

Повеќе од очигледно е зошто во меморијата на Пеоните во Пробата што на санскрит значи ‘поврзан со Бога’ е отпечатен зборот Сарка, во нивната ДНК е даден записот за називот Сарков рид. Се разбира не е само Сарков рид туку и уште редица топоними се уште ги имаат своите истоветни ведски имиња, овде ќе ги споменеме само најважните а повеќе за тоа во посебното поглавје. Пеон, Канда, Пударница, пу(н)дарика на санскрит значи лотус и изобилство, поле на бели пеони, лотуси), Пушкарник (пушкара на санскрит значи бел лотус, роден од пеон, лотус, божур, а воедно Пушкара е и името на Светиот или Белиот Остров). Овие локалитети во Овче Поле се евидентирани во топографските мапи на ЈНА за Овче Поле и Македонија од 1954 година.

Локалитетот Пударница   

пу(н)дарика на санскрит значи лотус и изобилство, поле на бели пеони, лотуси.

               

Локалитетот Пушкарник

пушкара на санскрит значи бел лотус; роден од пеон, лотус, божур; а воедно Пушкара е и името на Светиот или Белиот Остров.

Само кратко ќе го споменеме и местото Анзабегово што доаѓа од ведскиот збор Анза и на санскрит значи лебед, Браман, а друго име за Браман според теозофите е и Бромион. Постојат овдешни индиции дека Бромион е старо име на планината Ниџе на југот на Македонија. Или зборот ‘вардара’на санскрит значи вода, такашто тоа е првото и најстаро име на реката Вардар. Кандавиа е име на планината денес именувана како Јабланица, а Кандавиа е и старото име на патот Виа Игнациа, така преименуван по окупацијата на Македонија од страна на Римјаните. Пауталија, и редица други топоними не само во Пробата (Овче Поле) туку низ цела територија на денешна Република Македонија се поврзани со знаењата дадени во Веда, што е обемна тема и поради тоа заслужува посебен дел.

Инаку, за цветот ‘пеон’ во рускиот академски речник пишува: пеон значи цвеќе кое го добило своето  име по почетното место на појавување во древна Мaкедонија. (Объяснение 25000 иностранных слов, вошедших в употребление в русский язык, с означением их корней.- Михельсон А.Д.,1865; Словарь иностранных слов, вошедших в состав русского языка.- Чудинов А.Н.,1910.)

Во српскиот толковен речник за цветот пеон е наведено: пеонија (грч. Paionia) бот. божур, наречен според старата покраина Пеонија во Македонија, од кадешто е донесен. http://www.vokabular.org/?search=%D0%BF%D0%B5%D0%BE%D0%BD&lang=s

Во латинскиот јазик лотусот, пеонот, божурот е запишан како Paeonia officianalis (‘ае’ во латински јазик се изговара како ‘е’). Римјаните смислиле една приказна дека Пеон кој бил Бог – исцелител со своите моќи предизвикал голема завист и љубомора на Ескулап – друг лекар исцелител и тој во настап на љубомора смисли негово труење. Но, Боговите се сожалиле на Пеон и го претвориле во божји цвет. Парадоксот на оваа бесмислена римска приказна е што Ескулап е всушност римско име за Пеон или за Аполон кој е македонскиот бог Пеон, во одреден период нарекуван и Аполон. Она што е најважно во овој таканречен мит е дека Пеон станува божји цвет на небото. А веќе кажавме дека соѕвездието Плеада се нарекува космички цвет. П(л)еоне, најсветлата ѕвезда во Плеада се смета за мајката (квачката) во ова соѕвездие во кое има уште најмалку 6 до 12 помали ѕвезди(пилиња). Дури и во легендите не можело да се сокрие суштинската поврзаност на Плеада преку П(л)еоне со зборот Пеон или Пеониа.

Плеада е местото на небото во кое се вкрстуваат митологијата и науката и многу луѓе на Земјата ја сметаат Плеада како центар на божествената енергија. Најстарите цивилизации од целиот свет имаат аналогни приказни кои го опишуваат потеклото на Кртика или Картика; Квачка или Плеада. Се чини дека различните и далечни култури создале слични мотиви на сличен и синхроницититен начин, што нè потсетува на совпаѓањето на соѕвездијата со периодот на настапување на промените на годишните времиња.Од памтивек оваа група на ѕвезди е поврзана со свечености, обреди и свечени церемонии, особено нивното појавување пред настапување на пролетта и на полноќ на 17-ти ноември, кога Плеадите ја достигнуваат својата кулминација.

Авторот Ѓоре Ценев, македонски астрономски и етноастрономски истражувач остави уникатно, оригинално дело со книгата Небото над Македонија (2014г., МКЦ)  во која се прикажани резултатите од 22 годишното собирање материјал за имињата, за верувањата и за обичаите на македонскиот народ поврзани со небото. Посетени се околу 120 села на територијата на цела Македонија и анкетирани 1000 постари жители.  Во книгата сите податоци се прикажани онака како што се забележани кај народот, без или со минимални корекции, со цел да се зачува изворноста и оригиналноста, бидејќи податоците бараат соодветна анализа од повеќе науки и научни дисциплини, наведува во воведот авторот Ѓоре Ценев. За полесна астрономска дескрипција и за визуализација на народната претстава на небото, издадена е “Sвездената карта на македонскиот народ”. Овде ви ја даваме сликата од имињата на соѕвездијата зачувани во преданијата на македонскиот народ и денешните називи на англиски заради полесно разбирање и споредба.

Се гледа дека соѕвездието Плеада македонскиот народ го нарекувал Квачка.

Еве дел од забележаното од Ѓоре Ценев за соѕвездието Квачка: “Квачка или многу поретко Квочка (с.Гиновци) е името со кое народот го именува во астрономијата познатото ѕвездено јато Плеади. Според описот на народот тоа е мајката Квачка со шест до седум пилиња. Квачката секако е најпознатото соѕведие во Македонија. За него се знае во сите села без исклучок. Квачката, покрај Деницата и народното соѕвездие Орачи се вбројува во основните “белези” или “нишани” на небото, со кои народот пред се’ го мерел времето.

Во ведрите и темни ноќи надвор од осветлено место, во моментите кога на небото нема Месечина, човек со просечен вид во составот на Плеадите може да изброи 6 до 7 ѕвезди, од кои едната е посјајна од другите. Луѓето кои имаат подобар вид можат да видат 8, а во исклучително ретки случаи може да се видат и 10 ѕвезди или “пилиња” кои се во составот на Квачката. Најчесто се тврди дека има една Квачка и 6 пилиња, а во Суво Грло и Дојран се вели дека вкупно има 12 ѕвезди.”

Бројот на пилињата е важен зашто и во Европа во едно истражување е нотирано дека бројот на пилињата се движи од 6 до 12. На цртежот во пештерата Ласко во Јужна Франција се нацртани 6 ѕвезди за кои според астрономски историски параметри е измерено дека датираат од пред 15.600 години или од Мигдаленскиот период (Мигдал е бадем и ден денес се употребува во овчеполието). Патем, формата на бадем е симболот на постанокот и ја има на капителите откриени на Бела Зора, некогашната престолнина на Пеониа.

Бројот на ѕвездите во Плеада е од суштинско значење зашто е моментот околу кој се разликуваат теозофските, индуските, еврејските и вавилонските гледишта наспроти оние на Сарка, Светлата македонска раса, во настојувањето на Адамите да ја превртат вистината наопаку за нивни цели.

Продолжува…