“Јанус синдром” ( Јанус со две лица) во психијатријатa означува шизофрено растројство
автор Емилија Гелева
Во најтешкиот период од поновата историја на Република Македонија, во 2001г. како советник за надворешна политика на премиерот Љупчо Георгиевски решив да се сретнам со мојата некогашна колешка Мирка Велиновска. Разговаравме за тешката состојба во која се најде нашата татковина. Едновремено со креираната војна од Западот врз Македонија од ткн. меѓународна а всушност атлантистичка западна заедница бевме изложени и на силен притисок за промена на името.
На Мирка и го кажав моето сознание дека таа западна меѓународна заедница може во секој момент преку нејзините меѓународни институции и механизми што ги има наметнато како “светски”, да најде начин да ни го смени името. Меѓутоа, бидејќи нивните скриени елити се свесни дека на езотериско ниво таквата насилна промена не важи, и напоменав дека тие сакаат ние самите да го направиме тоа, и тоа не СДС оти и тоа не се важи на езотериско ниво, туку дека на западните атлантисти им е битно токму ВМРО-ДПМНЕ да ја направи промената на името како партија зад која апсолутно стои македонскиот народ, и тогаш според езотериските принципи би се случило дефинитивното самоукинување на Македонија. Подоцна Мирка неколкупати го споменуваше ова во нејзините јавни настапи.
Токму затоа кога меѓународните хиени видоа дека нема фајде за промена на името ниту од Љупчо Георѓиевски а подоцна ниту од Никола Груевски, решија да направат меѓучекор и го црпнаа и конструираа Голем од Муртино (еврејски идол според кој е направена фигурата налик на човек на др. Франкештајн, прикрпена од разни човечки делови, но на која не може да и’ се накалеми душа и која на крајот се распаѓа во страшна агонија). Да спомнам само кратко дека и Сатанаил кој сакаше да биде поголем од Господ Бог, по сличен принцип направи фигура од глина налик на човек ама душа не можеше да и’ вдахне, а не успеа ниту да го прелаже Бога да му ја направи таа работа.
Значи, западните атлантисти му дозволија на Црпко Голем да прави што ќе му ќефне и да краде безочно само и само да им ја заврши промената на името и идентитетот за докрајчување на Македонија. Затоа, насилната, нелегитимна, мафијашка промена на името од страна на Црпко Голем, спротивно на волјата на македонскиот народ против промена на името јасно и гласно искажана со референдумот од септември 2018г., се уште НЕ ВАЖИ според езотериските принципи, и се распаѓа малку по малку. Поради огромниот анимозитет и незадоволство на Македонците Црпко повеќе не беше употреблив и му наредија да си даде оставка, пробаа со друга СДС фигуринка ама револтот во јавноста само се зголемуваше.
Сега, ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски треба на западните атлантисти да им го завршат тоа што Црпко Голем (име на монструмот еврејски) го почна. Поточно на Христијан Мицкоски му е дозволено да дојде на власт за да му вдахне душа на мртвиот ткн. Преспански договор и да ги исполни бугарските барања и со тоа да го запечати исчезнувањето на Македонија. Затоа, г. Мицкоски треба да го има се ова на ум и да не оди по паметот на Гога што си ја избра, а која ја наметна тезата дека приватно ќе си викала Македонија а официјално, ви се молам, потпишувала документи и ќе употребува Северна, дволичност која е најсигурниот начин според кој ќе се направи токму запечатувањето на судбината на Македонија. При тоа, неколкупати досега, а последен пат пред десетина дена во Охрид каде што Гога беше на некаков си Јужно балкански собир, гордо повтори, покажувајќи де на едниот де на другиот образ, дека била “Јанус со две лица”?!
Секој може да прогугла и да види дека “Јанус синдром” во психијатријата е синоним за шизофренични пореметувања на личноста. Плус, она што е уште поважно, Јанус е римски бог од инфериорното многубоштво на Темните римјани, чија дволичност е прикажувана со две лица лев и десен образ – или еден лик со два образа, но денешните англосаксонски писанија сакаат да го прикажат како Јанус бог кој демек нудел два излеза.
Прашувам, зарем ние Македонците немаме свои светли богови на кои прецедничката Горда-на треба да се повика наместо на еден пагански бог на темните Римјани? Аполон е семоќниот бог на Светлината кој што го почитувале Македонците оти се одликува со едно светло лице а не со дволичност. Тој е бог исцелител, бог на музичките небесни сфери, на поезијата, на сето космичко знаење, на Вистината, на Правдината, но сепак има само Едно лице, зашто Бог Створителот е ЕДНООБРАЗЕН.
Најсилен пример за тоа дава големиот филозоф Сократ Пеластот (Пелазгиецот), таткото на модерната Етика, со високиот морал изразен во неговиот живот и во чинот на неговата смрт. Големиот стар Господар на умот Сократ, кој поради личниот висок морален сензибилитет и прекрасни аргументи за расудување, неговите истакнати ученици го нарекувале волшебник и освојувач на сите луѓе со разговор или расправа. Сократ е роден во Атина во 469 година пред н.е. а починал 399 година п.н.е. Неговиот основен лозунг како логички и етички инструмент гласи: Сознај се себеси! Овој општ идеал кој бил запишан на влезот на храмот на богот на светлината и мудроста Аполон, како Сократова насока ќе стане базична етичка вредност и поука во Антиката.
Тема на која и се посветуваат стотици страници, и се уште не е точно разбрана, се последните зборови на Сократ откога го испива отровот, начин на кој избира да си го одземе животот откако од атинските судии бил осуден на смрт со обвинение дека со своето учење ги расипувал младите луѓе во градот и за непочитување на многубожтвото на Атина.
Неговите пријатели и сопругата му советувале на Сократ да избега од градот, како мнозина други во слични ситуации, или барем да се подготви за збор пред судот. Одговорил дека за ваква одбрана се подготвувал целиот живот, зашто нема подобро бранење од чесното живеење. Пред собранието, кое истовремено било и поротен суд, Сократ рекол дека сите знаат оти е религиозен – постојано велел дека него го предупредува некој божествен глас да не прави лоши дела (тоа е едно од првите учења за совеста). А рекол и дека тој не се плаши од пресудата, зашто ја извршува должноста (мисијата), и дека од неа не може да се откаже – дури и да го уценат со некој услов дека ќе го ослободат, тој нема да се согласи да престане да ја испитува вистината и да ги советува граѓаните.
Дури и најповршниот изучувач на Сократ не може да не ја забележи извонредната паралела меѓу Сократ и Христос во многу карактеристики поврзани со нивниот живот и смрт, и во нивниот карактер и учења, толку многу, за да може Сократ да се нарече “пред христијанин”, ако не и “претходник на Христос”. Во неговата чиста теистичка замисла за Бога и владеење на Универзумот (што не било невообичаено во претхристијанскиот свет), со живото верување во личната бесмртност на душата и нејзините идни состојби на искушенија, награда и казна, со неговото сериозно верување во Божествената инспирација, неговата доктрина за љубовта и неговото искрено тврдење за живот со идеална доблест и несветовност, Сократ сосема се приближува до верувањето на самото првично христијанско учење.
Платон во неговото дело Phaedo ги пренесува последните зборови на Сократ кој на својот пријател му вели: „Крито, му должиме петел на Асклепиј (Асклепеон). Те молам, не заборавај да го вратиш долгот”. Со тоа и во последниот час Сократ останува доследен и верен на своите високи етички принципи, прифаќајќи го лажното обвинение за да не моли или да бега за да ја одбегне смртта, и не признавајќи ги атинските богови, та умира изговарајќи го името на Асклепеон – Светлиот Бог. И во последниот миг Сократ не отстапил од она што зборувал дека „Смртта е можеби најголемата од сите човечки благословености“, се разбира само ако се остане еднообразен до крај според светлиот принцип: тоа што мислам, тоа говорам и тоа го правам.
Богот на кој Сократ смета дека му долгува – Асклепеон – не е од дванаесетте традиционални атински богови, туку странски бог (македонски). Асклепиј или Асклепеон е атински синоним за богот на Светлината Аполон, изразен во неговиот епитет како бог исцелител кој Атињаните го нарекувале Асклепеон а кај нас денес се преведува како Асклепиј. Значи, Сократ бара да му се дарува петел на странскиот бог Аполон – богот на Македонците. Зошто?
Прво, зашто самиот Сократ бил припадник на Светлите (Пеласти) и затоа не го признавал многубожството на темните Атињани (Данајци). Второ, познато е дека Сократ вели дека прва жена од која што учел и имала влијание врз него е неговата мајка. Таа, пак, била бабица и помагајќи во раѓањето на нови животи таа и лекувала оти била свештеничка во храмот токму на богот Аполон.
Второ, петелот што треба да му биде жртвуван на Аполон е симболот на будноста. Тоа е оној петел што рано наутро не буди во Светлина. Будност не е исто што и разбуденост. Не е исто да си разбуден со чулата (вид, слух, дејство, свесност, знаење). Таквата разбуденост не е ништо друго освен еден вид сон, илузија во светот што се восприема со чулата. Петелот за кој говори Сократ е всушност будноста што повикува токму на пробуденост од тој свет на чулата. Токму во будност се гледа и се знае дека чулниот свет е привидение. Сократ се буди од овој сон кога отровот му се приближува до срцето. Поради тоа на Асклепеон(Аполон) треба да му се дарува петел, од благодарност што го пробудил. Секое божество на сонцето и светлината е истовремено и Бог на будноста, Аполон, Озирис, Тат, Асклепеон, Хермес, Буда, Исус. Со изгревањето на сонцето, гласот на петелот не буди во нова Светлината, нов ден виделина, и затоа петелот е симбол за тоа дека Светлината, Љубовта, Зборот, Добрината, Логосот се воскреснати за секогаш.
Животот, делото и самата смрт на Сократ е моќен доказ за поврзаноста на древната македонска религија и богот Аполон со првите христијански верувања и Исус Христос. Сократ не само што живееше туку и замина од овој свет како Бог на Светлата Етика и затоа претставува апсолутна големина во човечката цивилизација.
Не еднаш досега Темните ги осудуваа или убиваа оние кои го почитуваат Светлиот Бог, Сократ, Александар Македонски, Исус Христос, и ден денес го држат во подрум на темно и ладно место Св. Кирил (Сирило, Светлината), но нивната благодат и покрај тоа е силна и заштитничка.
Токму заради оваа Вистина ВМРО-ДМНЕ и Христијан Мицкоски најпрвин мора да ја вратат и сочуваат Македонија за навек, по секоја цена, за да можат вистински да ја градат и обновуваат за достоинствен живот на сите граѓани. Тоа никогаш нема да го постигнат ако се однесуваат како “Јанус со две лица”!