Евроатланта

Војната во Украина во суштина е поради целта на САД за промена на власта во Русија – Брус Гањон

Финиан Канингам

Медиумите под контрола на корпорациите (кои нè излажаа за да го извршат нападот именуван „Шок и стравопочит“ врз Ирак во 2003 година поради непостоечкo оружје за масовно уништување), повторно ја применуваат истата стратегија за да продадат војна и да ја измамат јавноста

Американскиот мировен активист, документарист и автор Брус Гањон ја анализира актуелната војна во Украина со критички осврт на голема слика за политичкиот и стратегискиот контекст што толку жално – и намерно – недостасува во Западните медиуми

Во следното интервју, Гањон истакнува дека руската воена интервенција во Украина, која започна на 24 февруари, може правилно да се разбере само ако се гледа како одговор на осумгодишниот немилосрден воен напад од страна на режимот во Киев поддржан од НАТО, врз етничкото руско население во регионот Донбас. Речиси 14.000 луѓе беа убиени од режимот во Киев поддржан од НАТО и неговите нацистички полкови кои ја мразат Русија. Каде беа осудите на западната влада и медиумите?

Сегашното проширување на војната, тврди тој, е всушност само линијата на фронтот во поголемата војна што САД и нивните НАТО-европски сојузници ја водат против Русија. Крајната цел е промена на власта во Москва. Оваа цел е за да ги задоволи западните корпоративни интереси и го вклучува и евентуалното таргетирање на Кина во иднина. На овој начин, САД и нивните империјалистички сојузници се обидуваат да го спречат појавувањето на мултиполарен свет и да го неутрализираат историскиот пад на западната корпоративна моќ.

Како што вели тој: „Кина е исто така на списокот од Западот за промена на власта, а поради новиот економски и воен пакт меѓу Русија и Кина, од суштинско значење за Западот е прво да се елиминира Русија пред да се тргне по Кина. САД во моментов го користат Тајван на сличен начин како што ја користеа Украина – како алатка за дестабилизација“.

“Затоа, влоговите се огромни и зависат од исходот на војната во Украина. САД и НАТО сакаат оваа војна да продолжи со цел да ja исцрпат, уништат и потчинат Русија. Оттука и несовесниот, криминален проток на оружје од НАТО блокот во Украина со цел да го попречи секое политичко решение.”

Гањон, исто така, посочува дека оската САД-НАТО-Киев најверојатно ќе прибегне кон повеќе злосторства со лажни знамиња со цел да ја добие информативната војна против Русија – војна што западните таканаречени новински медиуми отворено ја водат под  маската на „новинарство“. Брус Гањон живее во Мејн, САД. Тој е основач и координатор на Глобалната мрежа против оружје и нуклеарна енергија во вселената (Global Network Against Weapons & Nuclear Power in Space.). Тој, исто така, редовно објавува коментари за меѓународните случувања во неговиот блог Организирачки белешки (Organizing Notes). Гањон е ветеран од Виетнамската војна, работел како активист за работнички права и патувал во десетици земји за да одржи јавни говори и семинари на организации за мир, против војна и правда.

Брус Гањон

Интервју

Прашање: Конгресот на САД треба да усвои Закон за кредит за Украина за снабдување со оружје кој во голема мера ќе го зголеми снабдувањето со оружје за Украина, наводно, за да помогне во одбраната на таа земја од „руската агресија“. Ова е додека се водат преговори меѓу Украина и Русија за изнаоѓање мировно решение за конфликтот. Дали Вашингтон се обидува да ја зајакне преговарачката позиција на Киев или САД имаат за цел да ја продолжат војната?

Брус Гањон: Користејќи ја студијата на Rand Corp од 2019 година наречена „Исцрпување и дебалансирање на Русија“ како водич, САД-НАТО очигледно не сакаат преговорите меѓу Украина и Русија да продолжат. Нивниот интерес е да создадат гнојна рана долж границата со Русија, принудувајќи ја Москва да троши повеќе од својот национален буџет на војската и за обнова на масовно уништениот руско-етнички регион Донбас во источна Украина. Уништувањето во Донбас во голема мера се должи на гранатирањето на украинската армија повеќе од осум години и од државниот удар организиран од САД во Киев во 2014 година.

Прашање: За усвојувањето на Законот за кредит за оружје за Украина, Сенатот на САД го наведе наводниот “геноцид и масакрот на цивилите во украинскиот град Буча” од страна на руските војници како оправдување за законодавното одобрение за повеќе американско оружје за Украина. Русија категорично ги негираше наводите, додека неколку независни аналитичари посочија на докази дека грозоморните убиства биле провокација со лажно знаме, извршена од украинските сили со цел да се инкриминира Русија. Каков е вашиот став за извештаите на западните медиуми за масакрот во Буча?

Брус Гањон: Прилично внимателно ја проучував приказната за Буча и повеќе од очигледно е дека ова беше уште еден напад со лажно знаме на оската САД-НАТО-Украина. Датумите и саатите го потврдуваат целосно. Руските трупи ја напуштија Буча на 30-ти март. На 31-ви март, градоначалникот на Буча објави видео каде возбудено и гордо објавува дека руските војници си заминале. На 1-ви април, една жена која работи како заменик на градскиот совет на Буча направи слично видео прогласувајќи победа над Русите. Ниту еден од тие двајца градски водачи не се осврна на масакр или тела на улиците што би било повеќе од очигледно во тој момент. На 2-ри април, украинските сили повторно ја презедоа контролата над Буча. На 3-ти април, западните медиуми почнаа да известуваат за наводниот масакр.

Имаше повеќекратни обиди од страна на САД-НАТО-украинската страна да се обвини Русија дека убива цивили, но се покажа дека таквата приказна нема фактичка основа. Последниот обид беше гранатирањето на украинската армија во Краматорск со ракета Точка-У на 8-ми април. Десетици цивили беа убиени, а 100 беа ранети. Украинскиот претседател Владимир Зеленски побрза да ја обвини Русија, иако ракетата Точка-У е застарена технологија која повеќе не се користи од Русија и многу докази покажуваат дека тоа е омиленото оружје што го користи војската на режимот во Киев, предводена од нацистите, за постојано гранатирање на регионот Донбас.

Дополнително, Краматорск се наоѓа во руско-етничкиот регион на источна Украина што Русија се обидува да го ослободи од војската на Киев предводена од нацистите.

Се вели дека секој криминалец има Modus Operandi (МО) – начин да го повтори своето лошо однесување. Мислам дека е веќе очигледно да се каже дека Украина ја губи оваа војна и прибегна кон МО од лажни знамиња, со цел да го сврти јавното мислење против Русија со надеж дека САД-НАТО потоа целосно ќе влезат во војната на страната на режимот во Киев. Така, Украина ги замени вистинските офанзивни воени операции (за кои веќе не се способни) со настани на лажни знамиња како нивна примарна стратегија за оцрнување и поразување на Русија.

Прашање: Рековте дека војната во Украина не се однесува само на Украина и Русија во изолација, туку претставува линија на фронтот во поголема конфронтација меѓу НАТО блокот предводен од САД од една страна и Русија и Кина од друга страна. Сакате да кажете дека ова е прокси војна?

Брус Гањон: Немам никаков сомнеж. Оваа војна се води во име на поголема мисија – промена на власта во Русија, за кој Западот се надева дека ќе овозможи распаѓање на Русија на помали нации слично на она што САД-НАТО и го направија на Југославија по нападот на Белград предводен од Американците во 1999 година. Целта е западните корпорации за екстракција на ресурси да ја преземат контролата врз огромната руска копнена маса и што е најважно нејзината огромна база на ресурси која вклучува природен гас, нафта, дрва, земјоделски површини и витални минерални наоѓалишта.

Со топењето на мразот на Арктикот, сè повеќе и повеќе ќе станува возможно да се ископуваат ресурсите под морето кое долго време е покриено со дебели слоеви мраз. Не е случајно што во исто време кога започна оваа војна, САД-НАТО почнаа да одржуваат воена игра наречена „Студена реакција“ на северот на Норвешка, која се граничи со рускиот арктички регион.

Американскиот претседател Џо Бајден, во еден од неговите збунети моменти, во неодамнешниот говор во Варшава искажа дека „Путин мора да си оди“. Повеќе од сигурен сум дека за време на многу состаноци на Советот за национална безбедност во Вашингтон ова долго време беше главна точка на дневниот ред.

Во изминатите 500 години, Русија неколку пати беше нападната од Западот. Полјаците во 1605 година, потоа Швеѓаните под Чарлс XII во 1707 година, Французите под Наполеон во 1812 година и Германците двапати, во двете светски војни, во 1914 и 1941 година. На секои 100 години, Западот го прави својот потег и не успева.

Кина е исто така на списокот од Западот за промена на власта, а поради новиот економски и воен пакт меѓу Русија и Кина, од суштинско значење за Западот е прво да се елиминира Русија пред да се тргне по Кина. САД во моментов го користат Тајван на сличен начин како што ја користеа Украина – како алатка за дестабилизација.

Прашање: Русија рече дека се надева оти војната во Украина ќе заврши наскоро. Но, според тоа што го кажувате, постои реална опасност конфликтот да биде продолжен многу подолго поради испораката на оружје од страна н САД, Британија и НАТО во Украина. Дали ова продолжување на војната е дел од планот  на Вашингтон и Лондон?

Брус Гањон: Засегнатите интереси во воено-индустрискиот комплекс САД-ЕУ ќе имаат огромен профит ако оваа војна продолжи со месеци, па дури и со години. Верувам дека тоа е намерата на Вашингтон-Брисел. Со тоа што ќе ги натераат членките на НАТО да го испорачуваат својот застарен арсенал воено оружје во Украина. Западните воени производители веќе тријат раце што ќе ги добијат новите тендери за замена на залихите на оружје на членките на НАТО, со најновите технологии и оружје кои мора да бидат „интероперабилни“ и во согласност со Пентагон.

Не заборавајте, Пентагон е високотехнолошка глобална воена машинерија. Не заборавајте дека НАТО, исто така, станува меѓународен, бидејќи тие потпишаа „партнерство“ со Австралија, Нов Зеланд, Јужна Кореја, Јапонија и други во Азија-Пацификот. Во оваа „визија на мисијата“, САД ќе бидат „врвот на копјето (ударната тупаница)“ и ќе имаат членови и партнери на НАТО кои ќе помогнат да се финансира сето тоа. На крајот, работата на НАТО е да  принуди потчинување на државите кон западните корпоративни барања. Тие изјавуваат дека се „мировен сојуз“, но нивната историја не е ништо друго освен бескрајна војна.

Прашање: Дали мислите дека има уште поголема слика за конфронтацијата на НАТО предводена од САД, со Русија? Односно, поголемата битка е да се спречи историскиот пад на западниот економски систем во кој доминираат Американците? Русија и Кина постојано го поздравуваат доаѓањето на мултиполарен свет заснован на соработка и партнерство. Се чини дека САД се длабоко спротивставени на оваа визија, тврдејќи дека Москва и Пекинг го поткопуваат таканаречениот „глобален поредок заснован на правила“. Зошто Вашингтон се противи на мултиполарната визија? Што е тоа во американската моќ што бара униполарна доминација, лојалност или војна?

Брус Гањон: САД и НАТО се несигурна и очајна воена машинерија. Тие се мускулите на Западната група за корпоративна глобализација. Тие знаат дека нивните денови им се избројани како доминантни Западни империјални сили кои владеат со поголемиот дел од светот стотици години.

Ме потсетуваат на вицот со пијаниот коцкар – иако знае дека изгубил сè, сепак ќе се коцка уште еднаш.

Вашингтон и ЕУ јасно разбираат дека растечкиот мултиполарен свет е незапирлив – кога ќе ги соберете бројките на населението, оваа зголемена плима е огромното мнозинство од светското население. Така, САД-НАТО знаат дека ова е нивната последна шанса да се обидат да ја задржат “контролата” врз планетата. Вашингтон-Лондон-Париз-Берлин-Брисел сакаат целосна моќ и контрола и се подготвени до темел да ги запалат сите нации што ќе им застанат на патот.

Очигледно, Кина, Русија, Иран, Индија и другите ширум глобалниот југ го разбираат сето ова. Тие страдаа од САД-Европа доволно долго. Тие се обидуваат да помогнат во создавањето на овој мултиполарен свет – она ​​што еден руски лидер неодамна го нарече „Правен светски поредок“ што не го водат Вол Стрит, Банката на Англија, ММФ и Светската банка. Прашањето за сите нас е: дали САД-НАТО ќе одат до крај за да ја задржат контролата или дали ќе има Трета светска војна која веројатно би била нуклеарна? Тие таканаречени „мировници“ на улиците веејќи украински знамиња треба да се запрашаат дали всушност ненамерно и несвесно помагаат да се туркаат работите во таа страшна и опасна насока.

Прашање: Во известувањето за војната во Украина и во увертирата за неа, дали сметате дека западните медиуми целосно ја прифатија функцијата на пропаганден систем, продавајќи разузнавачки дезинформации за да ја искриват природата на конфликтот со Русија?

Брус Гањон: Западните медиуми кога станува збор за демонизирање на Русија и помагање за ескалација на оваа војна се целосно вмешани – покерашки термин All in. Пред само неколку дена додека возев, го вклучив НПР (Националното јавно радио) и слушнав еден „дописник“ како тврди дека руските војници силувале млади девојки во Буча.

Дали ги заборавивме револуционерните сослушувања на комитетот на Сенатот на САД во 1975 година за контролата на ЦИА врз медиумите? Тие сослушувања беа предводени од сенаторот Френк Черч (D-ID). Во тоа време, беше откриено дека 400 новинари ширум светот испраќале вести во име на ЦИА. Наречена операција Mockingbird. Побарајте го на интернет. Мислам дека видеата од тие конгресни сослушувања сè уште не се отстранети на YouTube. Се обложувам во мојот живот дека таканаречената „Приказна за силување во Буча“ е продуцирана од кујните на ЦИА.

Минатата недела дознавме од извештајот на NBC-TV дека американските разузнавачки агенции објавуваат лажни приказни за Русија со цел да ја „спречат“ Москва „да направи нешто лошо“. Медиумите доминирани од корпорации (кои нè излажаа за нападот „Шок и стравопочит“ врз Ирак во 2003 година поради непостоечко оружје за масовно уништување) повторно ја применуваат истата стратегија за да продаваат војна и да ја измамат јавноста. И кога ќе ги земете предвид сите напори на корпоративните социјални медиуми да ги отфрлат алтернативните ставови за војната во Украина, станува јасно, дека всушност намерата е перење на мозокот на јавноста и народот. Modus Operandi – секоја криминална група има свој. Финиан Канингам е ирски новинар со обемен опус за меѓународните работи

https://www.strategic-culture.org