Поранешниот американски поморски разузнавач, Скот Ритер: “Можеби тие (Русите) верувале дека Доналд Трамп е поинаков, дека може да се однесува поинаку. Проклетство, и јас самиот на миг поверував во тоа. Мислам дека и вие. Се надевавме дека овој човек ќе ни помогне да дојдеме до мир, дека во суштина е наклонет кон мировни преговори.
Сега со сигурност знаеме дека тоа не е така. Како го знаеме тоа? Затоа што Доналд Трамп бил вмешан во обидот на Украинците да го убијат Владимир Путин во декември — напад со беспилотни летала.
Нема никакво сомнение дека имало телефонски разговор меѓу Трамп и Путин и дека Путин бил замолен да не ја напушта резиденцијата. Додека се советувал за да возврати на повикот, Путин останал таму, и во тоа време беспилотните летала ја нападнале резиденцијата. Овие настани се поврзани.
Русите го знаат тоа. Зошто? Затоа што Русите ги собрале остатоците од беспилотните летала. Соединетите Американски Држави ќе тврдат дека не се обиделе да ја нападнат резиденцијата, но Русите го предале чипот на американската амбасада.
А на тој чип имало точни координати на претседателската резиденција. И не само тоа, туку и методот со кој беспилотното летало било насочено кон целта. Податоците биле внесени на посебен начин.
Патем, сето ова е работа на компанија наречена Palantwire, со убаво име, која соработува со Германците за полесно да се одрекне вмешаност. Но Palantwire, знаете, користи податоци од отворени извори, како и податоци обезбедени од украинската влада. А тие податоци ѝ биле доставени на украинската влада од американската разузнавачка заедница.
Податоците се собираат и се обединуваат. Квалитетот на податоците, времето на нивното собирање — сè укажува на тоа дека Соединетите Американски Држави ги собрале овие информации, ги обработиле и ги спакувале за да бидат вчитани на тој чип. Тоа била американската разузнавачка служба која го нападнала претседателот на Русија и руските граѓани.
Русите го исчитале (декодирале) тоа и без многу зборови му го предадоа јавно чипот (од соборениот дрон) на американскиот воен аташе. Со тоа им кажаа: ние знаеме сè, погледнете го овој чип, ние знаеме сè. А тоа значи дека тие знаат дека претседателот на Соединетите Американски Држави се обидел да го нападне Владимир Путин.
Дали сакал да го убие Путин или само да испрати сигнал — тоа не е важно. Суштината е во тоа дека тој се обидува да го поткопа авторитетот на Владимир Путин”.

