Македонија

МАКЕДОНИЈА – МЕСТОТО НА ПРОЈАВАТА НА БОГ И НА ПОСТАНОКОТ

МИСТИЧНИТЕ ИМИЊА НА БУКВАТА М(МА) И НЕЈЗИНИТЕ СКРИЕНИ ЗНАЧЕЊА

ЕМИЛИЈА ГЕЛЕВА

Буквата М(МА) се смета како најсвет симбол во Ведското знаење и единствено буквата М(МА) ()во Веда има четири мистична имиња: kāla (काल), kṣveḍa (क्ष्वेड), vedhā (वेधा) и viṣa (विष) како мистично име на звукот М. Овие четири мистични имиња на буквата М прецизно го дефинираат значењето на самата буква М(МА) која што во вид на геоглиф во локалитетот Канда е оставена од древните Македонци (Пеони, Синови на Светлината, Светлите Сарка Македонци во регионот Пробата (Овче Поле), Република Македонија. Со оглед на тоа што буквата М преку своите мистични имиња е синоним за знакот на геоглифот на Сарков рид кај Канда, зачудувачки е што нивните значења се однесуваат и го отсликуваат токму големиот геоглиф Канда.

Еден од синонимите на зборот khaṇḍa (со значења: континент, име на народ, во музика-вид мера, во алгебра-поим за еднаквост, јаз, канал, дел, недостаток на скапоцен камен – lapis lazuli), меѓу другите е kāla, збор кој во Веда е наведен како прво мистично име на буквата М. Затоа, канда е исто што и кала односно канда е таен збор за буквата М. Кāla како прво мистично име на буквата М на санскрит се пишува како काल и е составено од знакот за буквата КА () што значи Бог и од ознаката за буквата ЛА (), што потсетува на буквата М – исцртана на геоглифот во Канда. Треба да се има на ум дека  горната хоризонтална линија во Веда се смета дека е од Господ кој го води запишувачот на знаењето. Инаку, КА () по дефиниција значи и “сонце“, сјај, величенственост. Првото тајно име на буквата М – кала укажува дека КА и ЛА се во единство како мистично име на буквата М, односно дека Господ (КА) се покажува во знакот во вид на буквата М. Тоа значи дека кога се вели или пишува КАЛА на одредени места тој збор има мистично значење и укажува  на божественоста на знакот М(МА).

Со ова гледаме до која мера старите македонско-ведски јасновидци ја “сокриле“ и заклучиле буквата М и нејзиното важно значење преку поимот Канда, пред се’ со цел знаењето за постанокот на светот да биде откриено во одреден миг кога човештвото ќе биде зрело за тоа, зашто буквата М преку нејзините мистични имиња е клучот за разбирање на создавањето на светот. Станува јасно дека Бог, Создателот или Прогениторот се отелотворува, манифестира, пројавува низ сликата и звукот односно фреквенцијата на М(мммм).

Канда е Кала, е М, а низ М се пројавува Господ Бог во вид на светло, светлина,  МаКанда како анаграмско име на Маке(н)донија го дава и значењето на самиот збор Македонија – Пројавување на Светлината. Зачудувачка потврда за ова се наоѓа во Веда кадешто зборот „пробата“ е преведен точно како „пројавување на светлината“. Пробата, пак, е древното име на Овче Поле во Република Македонја кадешто се наоѓа големиот геоглиф во вид на буква М. Ова значење на Канда и на знакот М се гледа и од другите три мистични имиња на буквата Мkṣveḍa, vedhā и од viṣa како мистично име на звукот М.

Еве кои се значењата на овие зборови кои во Веда се наведени како “мистични имиња“ на буквата М:

1) Кāla (काल) има значење на: време, седвигател, вечно време; период на време што се вика и yuga; оној кој раководи со сонцето, епитет на сонцето; врховна душа; врховно битие; шум, звук; сонце;  син лотус; создадено од времето; текот на времето; истекување на времето; тркалото на времето (времето претставено како тркало што е во постојано вртење); трите времиња-минато, сегашност и иднина; вид пулс; Сатурн; времето на Сатурн; црна или темно сина боја, врховен дух како уништувач на Универзумот, како персонификација на уништувачкиот принцип. Значи, преку зборот Кāla, како прво мистично(тајно) име на буквата М, е јасно дека таа го означува она што е создадено од времето, кое како вечно време воедно е и минато и сегашност и иднина и дека тоа е Сонце, Светлина и оној кој раководи со Сонцето. “М“ е пројава на Врховна душа, Врховно битие, Врховен дух и Седвигател. Црната или темно сината боја укажува дека тоа е матрицата, отпечатокот или импринтот на настанокот, за кој се смета дека е во темно сина боја. Дури и синиот лотус (божур, пеон,) е кала, како негатив, идејна скица на цветот врз кој лежеше КА, односно Севишниот во моментот на неговото пројавување. Кāla значи и шум, звук, пулс, вибрација, што всушност се слуша под геоглифот на Канда, а што е настанат во тој единствен метафизички миг на претворање на непостоењето во постоење.  И конечно, според метафизичкиот или езотериски принцип како поимање на невидливото, во “М“ како Кала, е содржан едновремено и уништувачкиот принцип, зашто времето тече, истекува, во вечното вртење на космичкото временско тркало и секој нареден миг го “ништи“, стопувајќи го во себе, оној претходниот односно сегашниот. Така, во секој миг е сегашност како алхемиски спој на минатото, сегашното и идното време.

2) Кṣveḍa (क्ष्वेड) е второ мистично Име на буквата М и е составено од зборовите кс и веда.  Веда најчесто се преведува како знаење, но само во древниот и денешниот македонски јазик го има значењето на молња, просветление, што е запишано во македонскиот речник и го има токму тоа значење во македонскиот јазик. К во санскрит, исто така, значи молња, просветление. Затоа, второто мистично име на буквата М кажува дека таа значи просветление, молскавично знаење, што всушност и се случува во моментот на осознавање на постанокот. Кṣveḍa е еднакво и на viṣa што е мистичното име за звукот М(МА). Инаку,Ксведазначи и “звук, шум, и недостапно“. Сосема логично, зашто она што како знаење е оставено со геоглифот Канда и скриено под неговата површина е недостапно, тешко за пристап и за разбирање. И повторно упатува на звук, тон, шум, која како света вибрација е оставена под Канда за да биде во одреден момент “будечка нота, будечка фреквенција“ која ќе ги буди повисоките вибрации кај луѓето.

3) Vedhā (वेधा) е третото мистично име на буквата М. Како dvedhā значи “во два дела“, двапати, што е логично зашто самиот Постанок подразбира два дела, постоење и непостоење. Како vedhā значи и Господ Brahmā,  (Светиот Господ)  кој е на врвот на Универзумот и секому му дава добра смисла, чувство, разбирање на ведското знаење.

            4) И најпосле, viṣa какомистично име на звукот М, значи вода, што е утврдено дека тече под површината на геоглифот кај Канда. Viṣa во санскрит има синоним во dur (a) односно “оној што отвора или отклучува, што дава“, и во dvār(a) што значи врата, излез, премин, влез. Со ова не може да биде појасно дека геоглифот што на површината се гледа во вид на знакот М е место на порта, врата, премин, влез, излез што отклучува знаење, тајна. Неговиот шум, вибрација што е снимена со современа технологија и што можеме да ја слушнеме во вид на звук, е вибрацијата што отклучува, ги буди нашите длабоки кодови и свесност за македонско – ведското свето знаење.