Тој кажува дека Саудиска Арабија и Кувајт уапсиле двајца агенти на Мосад кои ги предизвикале инциденти во овие две земји.
Во неделата, сите поголеми светски медиуми ја објавија информацијата дека Иран ги нападнал објектите на „Арамко“ во Саудиска Арабија – најголемиот нафтен јазол и рафинерија за преработка на нафта. Првата агенција што ја објави оваа вест беше – Ројтерс. Сепак, неколку часа по објавувањето на веста, Министерството за надворешни работи на Иран издаде соопштение за медиумите во кое се наведува дека Иран не ги нападнал нафтените објекти во Саудиска Арабија или во другите земји од Заливот. Потоа следеше тивка дипломатија меѓу Техеран и Ријад, во која Иран им достави на Саудијците разузнавачки информации за случајот. Американскиот новинар Такер Карлсон открива кој навистина стои зад нападите врз нафтените објекти во Саудиска Арабија. Секако – Израел. Тој вели дека Израел намерно сее хаос во Заливот и наведува дека агенти на Мосад биле уапсени во Саудиска Арабија под обвинение за планирање и извршување бомбашки напади во Катар и Саудиска Арабија.
Инаку, Карлсон беше против напаѓање на Иран и во три наврати го убедувал Трамп да не го прави тоа. Такер во идеото вели и дека Израел всушност сака војна и наштетување на сите муслимански држави во регионот. (Цел: Голем Израел)

