Вести

Најновиот напад со Орешник беше порака од Русија до Западот

„Тоа е сигнал до Соединетите Американски Држави и Европејците за воените капацитети на руската армија“, изјави за Ројтерс во телефонско интервју Герхард Мангот, специјалист за Русија на Универзитетот во Инсбрук.

Според него, Русија не е премногу воодушевена од плановите на европските сили да распоредат свои трупи во Украина како дел од мирно решавање на украинскиот конфликт, што во суштина би резултирало со приближување на НАТО уште поблиску до границите на Русија.

Така, тврди Мангот, Русија сака јасно да стави до знаење дека „треба да се сфати сериозно, со оглед на нејзиниот воен арсенал, и дека Европејците и Трамп треба да се вратат на минимално почитување на руската позиција во преговорите“.