Денес, со колективниот Запад владеат Хилици. Човекоподобни созданија поклоници на Златно Теле и следбеници на Баал/Малох. Активни учесници на дехуманизацијата на луѓето и медицинско – фармацевтскиотхуманоцид. Европско торжество на бездушните.
Зоран Курљан
Хилик
Дали сте приметиле луѓе во кои се чувствува празнина, не презир, ниту жалост, туку празнинa. Биолошки роботи програмирани на: дома, работа, храна, секс, сон. Без внатрешен свет, без прашања или сомнежи.
Во вториот век по раѓањето на Христа гностиците имале име за такви луѓе. Хилик, хилици, Луѓе – Материја. Полно отсуство на божја искра. Јадат, спијат, работат, се размножуваат. Но, таму каде што треба да живее душата зјае непрегледна празнина. Темнина.
Современата филозофија го возроди овој концепт. Ликови NPC – Not playing caracters. Тоа се оние ликови од видео игрите кои се движат по веќе програмирана патека и превземаат програмирани дејствија од системот на играта или организаторот и кои не може да ги контролира човечки играч. Симулација на битисувањето. Ликови кои одговараат на стимулации според програмиран алгоритам, но не ја осознаваат сопствената суштина.

Бурни емоции се раѓаат при полемизирање на ваква духовна категоризација. Некои обвинуваат за елитаризам, други ги бришат наросените чела со олеснувачка воздишка: некој проговори за тоа. За луѓе кои што ги приметуваа со години, најпосле некој проговори гласно.
Гностиците ги делат луѓето на три духовни категории :
– Хилик/ ци – материја без духовно начело;
– Психик/ци – поседуваат душа но сè уште не постигнале просветлување;
– Пневматик/ци – имаат духовна природа и способност за вистинско осознавање и спознавање.
Хилиците се целосно лишени од духовното начело. Неспособни да го осознаат духовното начело на реалноста. Не затоа што не сакаат, туку затоа што не можат. Нивното сознание функционира на друг начин. Пасивен е сегментот што поставува вечни прашања. Такви прашања остануваат неуловени од сознанието. Работи програмата: преживување, размножување, трупање богатсво. Погледнете наоколу. Колку луѓе си поставуваат длабоки прашања за природата на нашата реалност?
Најголем дел од човештвото ги извршува функциите наметнати од општеството. Се буди, оди на работа, ги извршува планираните функции, се враќа дома, гледа телевизија, исполнува брачен долг, спие. При тоа го одржува метаболизамот. Бескраен циклус. Како верверица во метален цилиндар со периодична сончевина од краевите на цилиндричниот тунел. Површни разговори, промивање на туѓи коски (озборување), серијали исполнети со чемер, ‘рци и јад. Исто таква музика која создава вообразба за енергија кај луѓето. Енергија со ниска чистота, храна за богот на кој му се поклонуваат дизајнерите и творците на потрошувачката треска.
При разговор за смислата на битисувањето во матричниот 3Д свет ќе видите вчудоневиденост или раздразнителност.
Хиликот живее според осет. Одговара на надворешните влијанија врз него/неа. Вкусно – не е вкусно, боли – не боли. Хоризонтот на реалност останува на акција – реакција. Основниот принцип на причинско – последичните односи. Истовремено можат да бидат социјално успешни и да освојат високи позиции на пирамидата од социјалниот дарвинизам на современието. Прекрасно функционираат во материјалниот свет, затоа што се силно приврзани кон него.

Значителен дел од генералната популација личи на NPC. Затоа што се раководи само од наметнатите програми на поведение. Далеку помал дел управува со когнитивните процеси самостојно со што го ограничува потчинувањето и контролата на разумот над неговите вродени потреби.
Невробиологијата ја објаснува работата на мозокот врз принципот на штедење на енергијата. Деведесет проценти од дејствијата се извршуваат механички. Без учество на сознанието. Прашање е кога се вклучува сознанието? Според гностиците, Хелиците не го вклучуваат никогаш. Живеат на биолошки авто – пилот. Механички. Реагираат на стимуланси, ги следат културните програми. Ги исполнуваат социјалните сценарија. Но, внатрешниот набљудувач кој го осознал осознаениот – отсуствува. Ваквите креатури се идеален материјал за ,,Службено Лице“ најавувано од евгенистите од Давос.
Филозофите го нарекуваат ова проблем на филозофски зомби. Суштество кое според надворешните карактеристики наликува на човек, но нема субјективно искуство. Нема внатрешен ,,филм“ ниту пак трепет за сопственото постоење. Само реакција на надворешните раздразнувачи.
Комплет на реакции, биолошки програми, културолошка матрица на поведение. Празно е само местото на набљудувачот.
Како што далтонистот не распознава некои бои, или глувиот не може да слуша, така и за Хелиците не постои духовна димензија.
Модерните времиња тврдат дека сите луѓе се исти/еднакви. Поседувале идентично количество потенцијал. Разликите постојат само во условите и можностите. Секојдневието ја потврдува дијаметралната спротивност. Постојат луѓе кои без оглед на околностите размислуваат за длабоки, суштински прашања. Како што има луѓе кои и во најблагопријатни услови размислуваат површно и житејски. Првите постојано трагаат по вистината, другите по комфорт. Нема ноќни бдеења во потрага по смисла, нема вџашеност од ентропичноста на нашето материјално постоење. Напротив, задоволување на базичните потреби носи радост. Топло место под Сонцето до пензионерските денови е ветената земја. Зошто е потребата од прашања на кои нема одговори. Зошто сум овде? Што правам јас овде? Каква е природата на нашата реалност? Има ли нешто зад границите на материјалниот свет?
Одговори на овие и слични прашања се расфрлани по патеката на спознанието за Пневматиците заробени во своите тела, иако знаат дека не се родум од Рудникот Земја. Физички невозможно, тие се трудат преку сознание и спознание да доживеат мисловно враќање дома.
Психиците имаат душа. Чувствуваат дека постои нешто поголемо зад кулисите на матричната реалност. Постои колебање меѓу материјалното и духовното. Правецот на движење им е неопределен, сè уште.
Кој е во право? Хиликот или Пневматикот?
Кој е во право? Птицата што лета или рибата што плива?
Проблемите започнуваат кога Хелик ќе добие власт. Наметнување на сопствените вредности кои служат како вектор на развој на државата. Тогаш со светот владее материјализам. Духовноста станува несуштинска и неважна. Денес, со колективниот Запад владеат Хилици. Човекоподобни созданија поклоници на Златно Теле и следбеници на Баал/Малох. Активни учесници на дехуманизацијата на луѓето и медицинско – фармацевтскиот хуманоцид. Европско торжество на бездушните.
