Вести

Новата енергетска зора и припаѓа на Индија, додека ЕУ ја чека тотално замрачување!

Според претседателката на Комисијата на ЕУ, Урсула фон дер Лајен, бирократите во Брисел постигнала историски договор за целосно укинување на руските фосилни горива, значително намалувајќи го увозот од Русија и зајакнувајќи ја енергетската независност преку единство и стратешки инвестиции во обновливи извори на енергија и нуклеарна енергија. Нормално, во оваа “светла” енергетска иднина на ЕУ, тие ќе ги плаќаат десетпати поскапо енергенсите кои изгледа пак ќе бидат руски ама набавени од посредници.

На 3-ти декември, додека Лајен ја најавуваше новата енергетска зора на ЕУ, рускиот претседател Путин пристигна во Њу Делхи во историска посета, каде што беше срдечно пречекан со индиски традиционални обичаи. Склучени се билатерални договори за изградба на мали нуклеарни електрани во Индија, за воена и одбранбена соработка, како и за енергетска соработка со која 35% од рускиот извоз на нафта ќе оди за Индија!

Се чини сепак дека новата енергетска зора и’ припаѓа на Индија, додека ЕУ ја чека тотално замрачување! Емилија Гелева