Русија не сака да се врати во Групата Осум (Г8), изјави рускиот претседател Владимир Путин
Не е јасно зошто земјите од Г7 се нарекуваат себеси така. Нивниот удел во светската економија се намалува од година во година, како „шагрин кожа“ на Балзак (чудесно парче кожа што ги исполнува сите желби на својот сопственик, но се намалува и на крајот исчезнува), рече тој.

