Од Самитот Трамп-Путин произлезе јасен мировен план за Украина. На прес конференцијата по средбата меѓу двајцата претседатели Владимир Путин изјави дека покажаната решителност на Доналд Трамп да се постигне мир му е сигурна потврда дека доколку Трамп беше претседател пред четири години војната во Украина немаше никогаш да се случи. Трамп, од своја страна, го повика НАТО да делува во правец на поддршка на усогласениот мировен план на самитот. Во спротивно, како што рече, тој ќе примени мерки и санкции против оние кои нема да го поддржат мирот.
Емилија Гелева
Одржувањето на самитот Трамп – Путин во Аљаска, само по себе, е голем пораз за Брисел, Лондон и Киев. Оваа тројка, поборник на продолжување на војната против Русија, тоа одлично го разбира.

Спротивно, во разни анализи дури и од врвни автори кои имаат позитивен став кон Русија преовладува недоверба во позитивниот исход на самитот, базиран на длабоко вкоренетиот страв дека либерално- фашистичките остатоци изразени преку Брисел и Лондон ќе се повампират и пак ќе земат замав.Тој изразен страв покажува до каква психопатологија се доведени слободните луѓе ширум планетата,чии умови се плашат да ја прифатат очигледната настаната промена во светот.
Но, мислите ли дека Вашингтон и Москва ќе покренат толкава севкупна машинерија за организирање и одржување на ваква историска средба за таа да биде неуспешна?!
Тоа едноставно е неможно.
Мислите ли дека Доналд Трамп случјно заборави на поканата од Кралот Чарс по втор пат во јуни годинава да биде гостин на британскиот двор? Онаа покана што премиерот на Британија, Кир Стример, помпезно му ја врачи на Трамп при средбата во Белата Куќа, нагласувајќи му јавно дека тој е единствен што ја има честа два пати да биде кралски гост. Очигледно Трамп му даде предност на мирот во светот отколку да изигрува британски дворски шут.
И конечно, мислите ли дека Трамп по грешка или случајно на два дена пред самитот изјави дека ќе патува во Русија а отпатува во Аљаска? Во суштина, меѓу редови, американскиот претседател покажа свесност за заедничката руско-американска историја на Аљааска.
Трамп, всушност, со овој самит го исполни ветувањето дадено во јануарскиот претседателски инаугуративен говор дека сака да постигне мир и подобар свет. Мора да се признае дека беше многу вешт во неутрализирањето на опасните нацифашисти од Брисел и Лондон, кои на сите можни начини изминатите месеци правеа се’ за да ја опструираат и оневозможат опцијата за мир и контактот меѓу Трамп и Путин.
Се разбира, за она што го направи Владимир Путин, кој цели три и пол години храбро и стрпливо им се спротивставуваше на нацифашистите и нивните провокации за голема војна, нема потреба пошироко овде да се зборува.
Како резултат на се’ова од Самитот Трамп-Путин произлезе јасен мировен план за Украина. На прес конференцијата по средбата меѓу двајцата претседатели Владимир Путин изјави дека покажаната решителност на Доналд Трамп да се постигне мир му е сигурна потврда дека доколку Трамп беше претседател пред четири години војната во Украина немаше никогаш да се случи. Трамп, од своја страна, го повика НАТО да делува во правец на поддршка на усогласениот мировен план на самитот. Во спротивно, како што рече, тој ќе примени мерки и санкции против оние кои нема да го поддржат мирот.

Интересна е симболиката што ја следеше средбата.
Прво, Путин на патот кон Алјаска, пред средбата со Трамп, застана во Магада(н) на рускиот Далечен Исток. МАГАДА е ведско-македонското име на Македонија. На хибру МАГАДА го означува местото на последната битка, во Библијата спомнато како Армагедон.
Како што објасни Путин во изјавата по Самитот, тој отишол во Магадан за да го посети споменикот посветен на руските и американските војници кои заеднички во опасни операции во Втората светска војна ги жртвувале своите животи против заедничкиот непријател. Така Путин од МАГАДА(Н) тргна за Аљаска во победничка иднина за човештвото! Второ, почетокот на самитот се совпадна со православниот пост за Пресвета Богорица – Мајката на светот, а завршувањето на самитот е токму пред големиот православен празник Преображение на 19-ти август, кој ја означува “космичката преобразба на времето”.
Затоа, не плашете се, ја живееме зората на Новата Светла Ера! Никој не може да го запре почнатиот процес кој е под заштита на силите на Космосот!

